Скулптор или фотограф?

18.07.2012 15:54
Скулптор или фотограф?

Кореанецот Гвон Осанг (Gwon Osang) покажува дека понекогаш различните начини на изразување добро се надополнуваат. Неговата работа можеби може да се нарече современа скулптура, но во неговиот израз фотографијата има исто толку важно место како скулптурата.

 Осанг создава скулптури со реални човечки димензии, наизглед обични луѓе во некои секојдневни или понеобични ситуации, но скулптурите се составени од стотици фотографии! Неговите дела настануваат така што авторот ја фотографира глетката или личноста што сака да ја преточи во скулптура. Ја снима од сите страни, создавајќи стотици фотографии кои потоа ги развива. Потем настануваат кукли со реални големини, во пози во кои се затечени и фотографираниот и неговите „модели“, врз кои Осанг ги лепи фотографиите, непрекинато, една до друга.

Резултат на процесов се необични скулптури, со малку нестварни карактеристики, кои изгледаат како компјутерски генерирани портрети. Стотиците фотографии на субјекти, снимени од сите страни и аплицирани врз формата, на новонастанатата скулптура и’ даваат тридимензионален карактер и живост. Дел од она што Осанг го фотографирал, па со фотографија го симулирал, погледнете во продолжението, а повеќе за неговите дела погледнете овде.

ОкоБоли главаВицФото