Различните лица на современите вештерки

29.08.2018 16:51
Различните лица на современите вештерки

Моја прва средба со ликот на вештерка во популарната култура - освен оние во детските филмови на Дизни, „Заспаната убавица", и „Волшебникот од Оз" на МГМ, или во книгите како „Баба Стрега" од Томи де Паола и Роналд Дал, „Вештерките" – беше онаа во кемп сцената во биографскиот филм на Оливер Стоун од 1991 година, „The Doors" за Џим Морисон (го игра Вал Килмер) и една од неговите љубовници, Викан вештерка (улогата што ја игра Кетлин Квинлан, базирана на рок новинарката Патриша Кенили која, наводно, се омажила за пејачот во келтска церемонија, во 1970 година). Во треперењето на светлината од десетици свеќи кои едвај ја осветлуваа салата со високи плафони, двајцата голи внимателно читаат езотеричен магиски текст, шмркаат кокаин, ги сечат зглобовите со нож, меѓусебно си пијат од крвта и имаат див секс во ритамот на криковите од „Кармина Бурана" на Карл Орф.

Повеќе од 25 години подоцна, честопати парадоксалниот збир на клишеа, врзан за современиот лик на вештерката, мислам дека не е далеку од оние прикажани во филмот на Стоун. Вештерката се сфаќа како мешавина на понекогаш контрадикторни клишеа: сексуално искрени, но психолошки мистериозни; заканувачки и остарени, но неодоливо заводливи; откачени следбенички на разни мамбо-џамбо култови и паметни ѓаволици; софистицирани носителки на таинствено духовно знаење и телесно битие кое целото е инстинкт.

Поимот вештерка влезе дури и во она што го нарекуваме „Zeitgeist“ како лик на т.н. „гадна“ жена, која според администрацијата на претседателот, секоја критика ја карактеризира како „лов на вештерки" и го употребува зборот за означување на феминистичкиот отпор. (Овој последен вид вештерство честопати се користи во комерцијални цели: на кошулите марка „Urban Outfitters“ има натпис „Boss Ass Witch“, или работните простории во кои има само жени, тие самите ги нарекуваат „coven“ - еден вид тајно друштво на вештерки). И конечно, конфузните стереотипи за вештерките денес не се многу различни од оние што се користат за да го дефинираат вечниот проблем наречен жена.

Shine



Deborah

Luna

Во фотографската серија портрети насловена „Големата тајна: вештерките во Америка", прикажана во галеријата „ClampArt“, во Челзи, фотографката Франсис Ф. Дени го истражува ликот на современата вештерка надвор од културолошките предрасуди, кои даваат погрешна слика. Во текот на изминатите две години, Дени, која магистрирала фотографија на Школата за дизајн во Род Ајленд, патувала во Калифорнија, Луизијана и по источниот брег, фотографирајќи десетици жени кои се претставуваат како вештерки. Жените на фотографиите се со различна возраст, општествена, класна и етничка припадност и практикуваат голем број ритуали, кои честопати се потпираат на „мистицизам поврзан со окултното, како и со политички ориентиран активизам, политеизам, ритуална магија и лекување". Меѓу нив се и „самопрогласените зелени вештерки, бели вештерки, кујнски вештерки, вештерки што се занимават со лековити растенија, вештерки за секс". Серијата има цел да ги избегне лесните формули и наместо тоа, да ја прикаже хетерогеноста и индивидуалноста на денешните вештерки.

Kir

Sallie Ann

Randy

На една фотографија „Ренди (Плендфилд)“ пркажана е повозрасна жена која стои во бујна зелена ливада, облечена во фустан со цветен дезен и со фризура како на млада девојка. Во едната рака држи рашлји, додека во другата има нишало, таа гледа во него, а нејзините усни формираат мала самоуверена насмевка. На друга фотографија насловена „Кир (Бруклин, Њујорк)" се гледа млада, витка жена, облечена во тесни црни фармерки и маица на прерамки, нејзините нозе во чизми цврсто стојат на градската улица, покрај неа стои една голема, љубопитна мачка на врвка. „Шајн (Њујорк,)" е стамена црна жена која стои до ѕид од бршлен, облечена во извезен капут и строго гледа право во камерата. Сите овие жени самите се нарекуваат вештерки, а сепак тој факт нужно не е веднаш очигледен за неинформираниот гледач. Кога го започнала проектот, Дени ја прочитала книгата на Маргот Адлер за вештерките, во која, оваа новинарка и Викан свештеничка тврди дека „вештерка" не е само збор, туку „кластер на моќни слики".

„Па така посакав да го направам тој кластер на слики", вели авторката на фотографиите.

Keavy

Wolf

Marie and Ebun

Дени побарала од жените што ги фотографирала да носат облека или да донесат нешто за кое сметаат дека ја претставува нивната практика и идентитет како вештерки, а некои од портретите одлично одговараат на нашите очекувања за тоа како може да изгледа вештерка. Повеќето жени носат големи наметки; рацете на некои од нив се преполни со раскошни, скулпторски прстени, кај други шминката е „готик“ со темни усни и очи драматично засенчени. Тие носат мистериозни додатоци - кристална топка, лак и стрела, дрвени работи; една жена е обвиткана со змија, а повеќето се облечени во црно. Сепак, авторката вели дека за неа било важно да направи портрети кои се разликуваат од начинот на кој претходно биле прикажувани вештерките. „Имаше многу малку светло и многу гелови во боја, обично пурпурни или зелени. Имаше и многу театралност", вели таа. За фотографиите Дени користи природна светлина секогаш кога е можно, а жените се поставуваат директно, камерата се соочува со нив. Таа ги фотографира своите објекти деликатно фатени помеѓу перформативното и природното. Овие самопрогласени вештерки се претставуваат пред нас, целосно свесни за нашето око, а Дени им дозволува убава тридимензионалност.

Susan

Maureen

Barbara

Извор: The New Yorker

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Став
Фотографија / Уметност
Фотографија / Живот / Уметност
Општество / Фотографија
Општество / Фотографија / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото