Звукот на земјината топка

04.11.12 15:15

Јапонскиот музичар и уметник Yuri Suzuki неодамна на својата веб страница ја претстави работната верзија на неговиот нов проект насловен "The Sound of Earth". Се работи за црна топка прицврстена на метална конструкција, која на прв поглед изгледа како некој објект од непознато потекло кој ќе нè вовлече во себе доколку му се приближиме. Топката е поврзана со уред за репродуцирање на звукот, своевиден фонографски модел на земјината топка - тридимензионален винилен запис.

 

Секоја држава на винилниот глобус е претставена со различни звуци, кои за потребите на овој проект Yuri ги има снимено во минатите 4 години кога патувал низ светот - без разлика дали се работи за традиционална музика, национална химна, поп музика или пак некој говор. Додека грамофонската игла, прицврстена на матална рамка, ја гребе површината на мистериозната црна топка, од направата одекнуваат необични, речиси вознемирувачки тонови, како некој вид радио приемник кој детектира сигнали од некоја далечна галаксија, а не од нашата планета. Она што го поттикнало Yuri во овој концептуално интересен, но технички комплициран проект, е неговиот страв дека музиката, како физички запис на опиплива материја, носач на звук, во еден момент ќе исчезне.

Слични содржини

Технологија / Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Книжевност / Музика / Око
Технологија / Уметност / Око
Музика / Око
Музика / Око
Наука / Технологија / Око

ОкоБоли главаВицФото