Khruangbin - May Ninth

26.02.24 11:08

Бендот Khruangbin од Хјустон ги искористи новите, свежи енергии на пролетта и објави нов сингл May Ninth, кој ќе се најде на претстојниот албум на групата, насловен A La Sala, кој ќе излезе на 5 април, во издание на музичката издавачка куќа Dead Oceans.

Изненадувачки опуштената песна која се стопува со елегантните бас ноти и линијата на гитарата што се крева и спушта како плима и осека на океанот. Копнежливите стихови ги привикуваат сеќавањата на едно време налик на сон, кое можеби никогаш не се случило.

Анимираното видео во режија на Џени Лусија Масија и Џереми Хигинс, евоцира импресионистички скици направени со боички и еколошки ангажман, раскажувајќи една симпатична кратка приказна за цикличноста на животот и меѓусебната поврзаност на сите нешта.

Новата песна на Khruangbin носи мекост и топлина благодарение на гитарските линии инспирирани од американските корени и воздушестите, шепотливи вокали кои даваат смирувачко чувство, како и опуштениот грув кој останува врзан за нивните таи фанк корени.

Ако внимателно слушате, во позадина можете да го чуете пеењето на птиците. Тоа е уште еден пример за тоа како Khruangbin ги користи звуците од животната средина, и природните и вештачките, како текстури во своите музички композиции.

Khruangbin ја прошири својата неодамна најавена турнеја во Северна Америка, која ќе го однесе триото на музичките фестивали „Коачела”, „ Бостон Колинг” и „Бонару”, како и на неколку концерти на „Ред Рокс” во Колорадо, тенискиот стадион „ Форест Хилс” во Њујорк, Грчкиот театар „Беркли” и на уште многу други познати локации.

Извор: https://www.clashmusic.com

Слични содржини

Технологија / Музика / Око
Книжевност / Музика / Око
Музика / Око
Музика / Око / Музички спотови
Култура / Музика / Око
Фотографија / Музика / Око
Музика / Око / Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото