Free (Florence and the Machine)

23.02.23 11:11

„Free“ е песна на англиската инди рок група Florence and the Machine која ги дискутира проблемите на пејачката на бендот, Флоренс Велч, поврзани со анксиозноста и траумите од пандемијата на COVID-19.

Музичкото видео за песната е во режија на американскиот режисер Аутум де Вајлд и истото е снимено во Киев, Украина во ноември 2021 година, а беше објавено на 20 април 2022 година. Во него глуми британскиот актер Бил Наји, кој ја портретира вознемиреноста на пејачоката и ги прикажува емоциите за кои се дискутира во песната.

„Иронично, „Free“ всушност беше последната песна што ја напишав пред првото заклучување. Тоа е песна за мојата анксиозност, за тоа како јас се справувам со неа, за тоа дека ова е чувство кое е со мене цел живот, па дури и кога чувствувам дека мојот живот се стабилизира... Кога свирам или правам музика, или сум во креативна фаза, [анксиозноста] исчезнува, и тоа е како ова туркање напред, и повлекување, за кое зборувам во песната. За подоцна да следи тргање од патот и танцување, и чувство на слобода“ - изјавува Флоренс во интервју за Apple Music.

Слични содржини

Музика / Око / Музички спотови
Музика / Око / Музички спотови
Музика / Око
Книжевност / Музика / Око
Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото