Алембик: „Das Pferd frisst keinen Gurkensalat“

28.03.22 12:02

 

Видео спот за песната Das Pferd frisst keinen Gurkensalat од експерименталното дуо „Алембик“, составено од Ива Дамјановски на клавијатури и Виктор Танасковски на гитара, мандола и како вокал.

Борјан Стојков и Бруно Вељановски, авторите на спотов, се надоврзуваат на концептот и естетиката на спотот на Dynamo од Дејан Јованов, правејќи колаж од стари архивски снимки (овој пат без конкретен фокус на македонски видео записи), во духот на самиот албум кој претставува колаж на жанрови и идејата за синтеза на минатото и иднината.

Das Pferd frisst keinen Gurkensalat е омаж на Der Telefon Anruf од Kraftwerk, Јохан Филип Рајс и нашиот love/hate relationship со телефони. И оваа песна е експеримент со концептот на музичко авторство, овој пат дозволувајќи му да учествува во креативниот процес на еден Roland SH-1000“, изјавуваат авторите.

Извор: YouTube

Слични содржини

Музика / Око / Музички спотови
Музика / Око

ОкоБоли главаВицФото