Плети плети нафрли

06.11.2012 10:23
Плети плети нафрли

Ко шо сите се сејчаваме а само ДПМНЕ и Груевски абер немаат, на 28ми беше митинго на опозицијата под мотото Иднината сега шо се подразбира дека на овие другиве уште му стиска да ја видат реалната бројка. Од ден на ден сè појче и појче се во криво како на пример контрадикторноста за то дали собирал 11 илјади плоштадо Ацко на коњ или 40.000. Која од која поголема глупост, чоек да не знај дали со гајда да ги жали или да спопајџа во делириум од клештење и подбивање. Ко бев мал една баба често пати знаеше да си заплети калчуни или фермелиња и имаше една финта за броење со која никако не промашуваше и се викаше Плети плети нафрли. Шо ни укажува то? То укажува дека ако денешниве портокали не ги бива за броење нека ја научат финтава од бабата за плетење калчуни, фермелиња итн. И тогаш никош нема да згрешат. А и морам да признаaм дека и временските услови ми напраија кејф зато шо ко се одеше за на митинг сите ДПМНЕвци колнеа ко некој портарки да ни се истури од врнење дожд,ама ништо од бизнисо така и од клетвите. Капка не се исцеди за време на митинг а не па да се истури или шо би се рекло од јад и завист почнаа и со индијански мајџии да се занимаваат (оттука можи и е квалификацијата со Индијанците дека се исти ко нив).


Или ако некој се сејчава ко шо нашиов премиер ја отштрафи на телевизија дека 363 + 208 се 700. Овај митинг на 28ми Октомври шо се случи во Скопје значеше убаa и то дупла чврга врз тиквата на ДПМНЕ и тој татнеж одекна дури до Мејџународната Заедница и пошироко па оттаму толкава нервоза. Најверојатно му дожежи ко излегоја сите под едно небо ем то без дожд или можи уплаво да не го разбордиса опозицијата и Ацко на коњ и останати шлакнати скулптури со француски клуч. Кизнај до шо беше ама нервозата кај ДПМНЕ е и до ден денеска видлива по убедувањата дека митинго не чинел во секојдневнио живот и да не сме барале избори. Е не вас че ве прашаме да излезиме на избори или вас че ве прашаме дали да пуштиме вода ко че одиме в нужник или не. И доста прајчате полуписмени колумнисти да ве бранат по сите медиуми и да фрча глупости на сите страни за то колку опозицијава била ваква, те онаква, бидејчи со тие колумни и глупи партиски анализи ем рејтинго ви се намалува и ем си пукате в глужд.


Како и да е по 10ти декември сто посто че го добијаме трајнио предавник на македонската политичка сцена и естрада бидејчи Фуле пред некое време нè нарече Скопје место Македонија а то по автоматизам значи дека Груевски во ЕУ се дал под кирија или индиректен превод за предавник, трчилаж или шо би рекле прилепчани за таквите лујџе нелујџе лажат, крадат, вошки имаат и на таван спијаат. Шо значи дека сега е прашање дали Груевски се испазарил за името БЈРМ, ко шо си знај да коленичи за прием на Македонија под сегашната референца или за некоја несалам варијанта од типо на Вардарска и сл. Еми нели се прпелаше Груевски со прекршени плејчи името,презимето те ова те она?Еми то не е предавство бе чоек? Или че се прајме недоветни дека е разумен компромис? А шо прајме со заканите од Бугарија од блокада? Стигнавме на то дереџе да Бугарија, држава која шо води рекорд по бизнис во проституција да ни се заканува со нивни барања. Алоооо! А да си акниш една шлаканица за предавствово и да се отпревртиш од фотеља? Ништо не прајме премиере, или ако треба че го пратиме Џоле до кај Обама или Ромни да му намигни и свршена работа. И со то че ги напикаме Грчиштава немијани в чош и има да му смрди до коска. Ете премиере дека не чинат работите за државата, ете зошто е крајно време да научите да бројте со цел да дојдите до сознанија дека генерацијата моја и помладата генерација не трпи курнази и ербапи ко вас и вашата ситна боранија околу вас, те функционери те новинари, па ако не вие нека научи членството ваше за да не му се смеј државата и свето а и мене покрај вас. И ние сме единствена држава со премиер кој шо одамна има забораено да број бидејчи секогаш некој друг броел за него а не тој самио. Шо би рекла една учителка по Математика моја шо ми предаваше до 8мо: Седи! КЕЦ! И премиере, ако немате рецепт, сетете се на текстов и на финтата од бабата за плетењето калчуни, фермелиња и сл „Плети плети нафрли“. Преку 70.000 незадоволни жители на едно купче собрани на плоштадo во Скопје на оваа држава ве исвиркаа, a на уши вие упорно глуви се прајте и ги маргинализирате со стрижена бричена муабети дека имало де 11.000 де 20.000 де 40.000. Е зато партијата ваша бележи единствен пораст во неписмени лујџе. Така да премиере или практикувајте ја техникава за плетење или купете си турски бројaници и не се занесувајте ко максим по дивизија појче низ народов и светов пошто колку појче се курчите толку појче ни се смеј Европа и светов.