Еби се, Хрватска!

04.12.2012 13:18
Еби се, Хрватска!

И’ порачувам на Хрватска да се ебе, а немам поим што е „Хрватска“. Кој е „Хрватска“ која не ја поддржа Палестина во борбата за статус на држава-набљудувач во Обединетите нации?

Две третини од Генералното собрание на ОН го направија тоа. Фашистичка Америка пред гласањето на светот му втеруваше страв во коски. На нејзините сојузници не им беше лесно да ѝ кажат „не“ на најголемата светска фашистичка сила. Сепак, го направија тоа.

На Израел не треба да се трошат зборови. Кутрите Евреи кои Хитлер ги испратил на небото и на небото се превртуваат во гробовите, оние кои имаат гробови, згрозени од бездушноста на своите потомци. Претепани се и спалени уште еднаш.

А „Хрватска“... Ебената Хрватска која не сум јас денес се однесува кон Палестинците онака како што усташите се однесувале кон Евреите во минатиот век. Сепак, не е сè баш исто. Некогаш во НДХ имавме и партизани. Денес, судејќи според молкот кој владее во оваа земја, овде, стутулени од страв, живеат само усташите на дваесет и првиот век.

Се усравме. Се упикавме до петици во израелскиот и американскиот задник. „Интелектуалците“ молчат. Студентите молчат. „Обичните граѓани“ молчат. Ебаго! Дали е можно Америка и Израел да се пострашни од Хитлер порано?

Нормално. Имаат атомска бомба, имаат беспилотни летала, паметни отрови, уценуваат со пари, убиваат деца на различни места во светот, во вторник Обама откако пие јогурт тргнува во лов на „терористи“, односно ги бира, Државата Израел се подготвува за „конечно решение“ на подрачјето на Газа и не само Газа...

А ние „Хрватите“, ние ебените Хрвати, сега веќе и во светот познати по својот „хрватски молк“, повторно молчиме. Хрватската телевизија за тоа ќе објави кратка вест, ЕПХ ќе повика еден од хрватските Голдстајни кои сè што имаат стекнале анализирајќи ги злосторствата на усташите, да ни објасни како се „антисемити“ сите што не ги сметаат Палестинците за стаорци.

Повторувам, немам поим што е „Хрватска“, но она што гласаше за ова сигурно не е моја татковина. Се срамам од земјата во која што живеам. Одвратно е тоа што нашите деца во училиштата уште од мали нозе мораат да учат што е холокаустот, за да не се повтори, а американските слуги кои формално владеат со оваа земја денес гласаат за држави на кои холокаустот им е начин на војување.

Ме радува тоа што денес е сè појасно дека Евреите не се државата Израел. Во таа земја, одговорните, храбрите и добронамерните граѓани со гадење гледаат на политиката на своите водачи. И протестираат.

Граѓаните на Хрватска се секогаш дома. За газот на нашиот Господар спремни.

Извор: rudan.info

ОкоБоли главаВицФото