За протестот на уметниците

22.12.2012 11:44
За протестот на уметниците

Половина час пред најавениот ПРОТЕСТ НА УМЕТНИЦИТЕ, сакам да ве замолам драги колеги и пријатели, уште еднаш да размислите кого и што поддржувате излегувајќи денес на улица. Не би сакала да видам многумина од вас за кои знам дека правилно размислувате за овие теми и прашања, меѓу оние кои ќе застанат во одбрана на она од кое вие се срамите. Однесувајте се внимателно и останете со јасна мисла во овие матни времиња. Тоа се очекува од вистински уметници! Сите ние сакаме да се доизгради и да биде конечно отворен Старо-новиот театар и зградата на Македонската филхармонија, па тоа е единственото од сите овие чуда и чудовишта кои се појавија по скопските плоштади и улици кое вреди да постои, освен зградата на Музејот на холокаустот! Зарем треба воопшто да зборуваме за тоа? Но, јас мислам дека оваа битка не е за тоа. Оваа битка е уште еден бескрупулозен обид на власта да продолжи со своето расипништво на парите од граѓаните, во која уметниците ќе и послужат како маша, за политиката на континуирано осиромашување на народот заради личното богатење на неколкумина. Нејзините механизми на дејствување, како и нејзиниот начин на мислење, ги видовме т.е. ги прочитавме доцна во ноќта и самите, не мора да ги претпоставуваме:

од ѕидот на Zvezdan Georgievski

„Meri Georgievska е ќерка на Љубиша Георгиевски и е вработена во МНТ. Се дрзна да каже јавно дека утре нема да излезе на штрајкот на уметниците против опозицијата. Еве што и' порача еден паметен, убав и талентиран наци-онален уметник:

Meri, go koristam fb na soprugata, bidejki nemam svoj. Ne si ni svesna so kogo si vlegla na oro, no jas ke ti gi demaskiram igracite koi ti se na levata i na desnata strana od oroto. Toa se istite tie sto cel zivot tatko ti go tepaa po glava i so koi toj do den denes bie bitka. Toa se istite lugje koi Pero Temelkovski i mene ne ponizuvaa do kraj dodeka bea na vlast. Ne zaboravaj kako, zosto i od kogo si vrabotena. Sigurno toa ne e zatoa sto si najpametna, najubava i najtalentirana. Ne mi vrakjaj nisto nazad, ne sakam da kontaktiram, samo da te potsetam: Lugjeto sto se predavnici na svoeto semejstvo, se predavnici i sami na sebe...Branko Gjorcev!!!“

Се надевам дека овој апел ќе го сфатите правилно, зашто нема пострашно чувство од она, кога човек подоцна ќе се почувствува изманипулиран.

Со надеж,
Зоја Бузалковска

Извор: Фејсбук профилот на Зоја Бузалковска
Слика: Michael Pickett

Слични содржини

Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото