Најдобрите реклами од 2012

31.01.2013 13:53
Најдобрите реклами од 2012

Иако веќе сериозно навлеговме во 2013 година, сè уште чувствуваме потреба да правиме ретроспективи на најважните моменти од изминатата 2012. Овој пат, се решивме за листа на најдобрите реклами во 2012 година.

Листата ја започнуваме со рекламата за угледниот весник Гардијан кој овој пат се откажа од вообичаената сериозност и преку познатата приказна за волкот и трите прасиња, го доловува начинот на кој одредена вест или информација се пласира на насловните страници на печатените и онлајн медиумите. Дали волкот ги привлекол прасињата или прасињата волкот? Кој е виновен, кој е невин, а кој може да заврши на празничната трпеза?

Како изгледа кога режисерот игра на емоциите на мажите, може да погледнете во приказната за нестварната Сузан Глен. Секвенците со сонот се изведени романтично и сугерираат дека копнежот по девојката е многу повозбудлив отколку стигнувањето до неа.

А како изгледа кога режисерот, во овој случај славниот Алехандро Гонзалез Инариту, игра на емоциите на жените?

Пивската трка прикажана на рекламата на Carlton Draught е мајсторски изведена и го става пивото на пиедестал како ретко која друга реклама.

Рекламата за норвешката авиокомпанија Wideroe на шармантен и симпатичен начин го прикажува полетувањето на авионот како трик/магија која дедото му ја покажува на својот внук.

Внимание заслужува и промотивниот спот за Coca-Cola Zero, вплетен во темата на агентот 007. Подеднакво „тркачки“ возбудливо како рекламниот спот за Carlton Draught.

Малава листа ја затвораме со реклама во која главниот протагонист не стигнува ниту да го изговори името на брендот, а сепак делува ефектно.

Извор: pogledaj.to и adweek.com

ОкоБоли главаВицФото