Се роди 8-милијардитиот жител на земјата

16.11.2022 15:05
Се роди 8-милијардитиот жител на земјата

Вчера, 15 ноември, нешто по 9 часот наутро, се роди 8-милјардитиот жител на Земјата, според "бројчаникот" за популација на Worldmeters.

На целата човечка историја, и беа потребни околу 1800 години, вклучувајќи ја и Индустриската револуција, да ја достиген првата милијарда. До втората милијарда требаше да поминат 130 години (1930), до третата 30 години (1960), до четвртата 15 години (1974),13 години до петтата, до шестата 11 години (1998) и до седмата 12 години (2010). Се проценува дека 9 милијардитиот жител на Земјата би можел да се роди во 2037 година, а 10 милијардитиот во 2058 година.

Кина сè уште има најмногу жители - 1,452 милијарди, потоа Индија 1,412, по што следат САД (335 милиони), Индонезија (280 милиони), Пакистан (231), Нигерија (219), Бразил (216), Бангладеш (168) , Русија (146), Мексико (132).

По региони, 4,6 милијарди луѓе живеат во Азија или 59,5 отсто од светската популација со средна возраст од 32 години, 1,3 милијарди во Африка или 17,2 отсто со средна возраст од 20 години, 747 милиони или 9,6 отсто во Европа (43 години), 653 милиони во Јужна Америка и Карибите (8,4 проценти и 31 година), 368 милиони во Северна Америка (4,7 и 39 години) и 42 милиони во Океанија (0,5 и 33 години). Се разбира, колку и да се труди Worldometers да ги ажурира сите релевантни параметри според национални и други податоци, тоа се приближни бројки.

Девојчето Виниси Мабансаг родено е во вторникот во Манила, во Државната Меморијалната болница "Хозе Фабела" во Тондо.

Извор: vecernji.hr

ОкоБоли главаВицФото