Авторските права во спротивност со човековите

09.02.2013 10:59
Авторските права во спротивност со човековите

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука дека монополите на авторските права се во целосна спротивност со основните човекови права, онака како што се дефинираат во ЕУ и другаде.

Долгорочните последици од оваа одлука ќе се почувствуваат дури по некое време - и притоа не се мисли директно на самите правни процеси. По одлуката донесена на 7 февруари повеќе не е можно да се осуди некој само затоа што ги прекршил авторските права.

Рикард Фоквинг, инаку основач на првата пиратска партија, напоменува дека прагот сега е подигнат на драстично повисоко ниво и дека ова е значаен чекор напред, зашто и самиот подолго време предупредуваше на таквата спротивност.

„Мило ми е што ова стигна до релевантен суд, кој ја донесе единствената можна разумна одлука“, изјави Фоквинг.

Тој додава дека треба да се биде посебно внимателен во интерпретацијата на судската одлука. Никако не смее да се помисли дека сега може да уследи принципот „бесплатно за сите“, но одлуката е победоносна поради две важни работи: Првата е дека кршењето на монополските авторски права не е доволно за осуда, а втората е фактот дека тие авторски права се во спротивност со основните човекови права.

The Pirate Bay и понатаму ќе остане блокиран од страна на интернет провајдерите во некои земји, зашто судовите нема да направат ништо по автоматизам. Дури и тоа да биде случај Фоквинг напоменува дека постојат низа предизвици кои мора да се надминат за TPB да стане целосно нормално интернет одредиште.

Извор: radiosarajevo.ba