Врховниот суд на Белгија нареди борба против Pirate Bay

21.11.2013 12:04
Врховниот суд на Белгија нареди борба против Pirate Bay

Врховниот суд на Белгија им нареди на интернет провајдерите ширум земјата да започнат проактивни обиди за пронаоѓање и цензурирање на прокси услугите на Pirate Bay, најпопупарната страница за споделување податоци во светот.

Белгија со години е тивко жариште на расправата за законите кои ги штитат авторските права и незаконското споделување податоци. Белгиската фондација против пиратство (BAF) во 2011 година поднесе тужба против Белгаком и Теленет за да ги натера да го блокираат пристапот на своите корисници дo Pirate Bay. Судот пресуди во корист на провајдерите.

Подоцна пресудата ја преиначи Жалбениот суд и пристапот до Pirate Bay засекогаш беше блокиран во Белгија. Меѓутоа, корисниците се претплатија на прокси сервери кои ја подриваат блокадата и ги пренасочуваат на Pirate Bay.

Pirate Bay порано ги рекламираше прокси услугите и нивната можност за додавање нови домени и IP адреси по барање. Регистрацијата, коментарите и функциите на upload-от се исклучени од безбедносни причини, што ги збеснуваше заштитниците на авторските права.

Минатата година белгискиот суд ги принуди интернет провајдерите да ги блокираат сите сегашни и идни домени на Pirate Bay. Одлуката предизвика цела низа правни предизвици, сѐ до оваа недела, кога Врховниот суд ја потврди одлуката.

Пресудата допрва треба да се изврши, а се проценува дека би можело да дојде и до блокирање на прокси и Екстра торент, Kickass.to и други популарни торент страници. Голем број провајдери полека почнаа да ги блокираат овие страници, како и сите останати кои овозможуваат незаконско споделување податоци.

Холандија, Британија и Италија веќе го блокираа пристапот до Pirate Bay, а белгискиот потег е уште еден чекор во борбата на владата против слободното ширење на податоците.

Не е познато дали воопшто ќе биде поднесена жалба, а провајдерите веќе го изразија своето незадоволство.

„Интернет провајдерите се присилени да го блокираат Pirate Bay, дури и кога ќе се преселува на друг домен. Тоа е многу широка дефиниција, која ги тера провајдерите да вршат улога на полиција низ целиот интернет. Тоа е нешто што не можеме да го прифатиме“, вели Јан Маргот, портпарол на Белгаком.

Извор: torrentfreak.com

ОкоБоли главаВицФото