Гугл брише по 9 „пиратски“ линкови секоја секунда

07.10.2013 12:25
Гугл брише по 9 „пиратски“ линкови секоја секунда

Организациите како RIАА, која се занимава со заштита на авторските права на музичката индустрија, испраќаат милиони барања за отстранување на „пиратските“ линкови од Гугл, а се чини дека тој број во иднина забрзано ќе расте.

Заклучно со минатиот месец, Гугл отстранува по 9 пиратски линкови секоја секунда, секој ден.

Torrentfreak дојде до последниот документ за транспарентност на Гугл и откри дека во последната недела на септември Гугл отстранил 5,3 милиони линкови. Тоа е отприлика 9 линкови во секунда, 540 во минута и 32.400 линкови секој час.

Во моментов, овие бројки се рекордни, но микро трендот покажува постојан пораст, така што наскоро овој број ќе биде значително поголем.

Мета број еден на Гугл е сајтот за хостирање документи ZippyShare, додека на второ и трето место се наоѓаат Dilandau и BeeMP3.

Во прашање се навистин голем број барања, но изгледа дека Гугл е во состојба да излезе во пресрет секогаш кога ќе се испрати такво барање.

Извор: www.b92.net

ОкоБоли главаВицФото