Тајните на Internet Adult Film Database

18.03.2013 12:34
Тајните на Internet Adult Film Database

Џон Милвард, самопрогласениот „детектив за идеи“ успеа да пробие во Internet Adult Film Database (IAFD), со цел да искористи над 10000 порно ѕвезди за да раскаже приказна за порно филмовите и порно индустријата. Подолу претставуваме некои од неговите заклучоци.

Демографија

Просечната жена порно ѕвезда е висока околу 165 см и тежи околу 54 килограми. Големината на градникот што би бил соодветен за неа, не е двојно D, туку 34В. И таа не е русокоса:



Исто така, белите жени не се предоминантни без причина. Милвард открил дека расните разлики меѓу порно актерките, на некој начин, соодветствуваат со популациската демографија на САД:

Кариера

Просечната жена ја започнува својата карирера на 22 години. Ова е непроменето последните 40 години. Просечната возраст за мажите беше 29 во текот на 1970-тите години, но потоа падна на 24. Во 1970-тите, карирерите траеа подолго. Мажите престануваа по 12 години, а жените по 9. Денес, мажите престануваат по 4 години во просек, а жените по 3.

Интересно е тоа што успехот е концентриран кај мажите порно ѕвезди, а многу помалку кај жените. Тие се помалкубројни (70% од сите порно ѕвезди се жени) и поретко се заменувани. Милвард укажува дека 96 од најпрофитабилните порно ѕвезди на сите времиња - според бројот на филмови - се мажи. Во просек, секоја од жените поединечно учествува во помал број филмови. Во повеќе од половина од филмовите (53%) учествуваат по три или повеќе жени.

Содржина

Записите на IAFD ги забележуваат сите сексуални чинови што ги прават актерите во текот на снимањето на филмовите. Според анализата на Милвард, ова го прават актерките:

И ова се улогите што ги играат:

Патем, сопругите во порно филмовите, типично, немаат секс со нивните сопрузи.

Повеќе за Џон Милвард погледнете овде.

Извор: thesocietypages.org

Слични содржини

Фотографија / Филм
Фотографија / Свет / Технологија / Филм
Уживање / Култура / Уметност / Филм / Историја
Квир / Уживање / Теорија

ОкоБоли главаВицФото