Најлудите порно филмови од 60-тите и 70-тите

06.09.2017 08:08
Најлудите порно филмови од 60-тите и 70-тите

Филмовите означени со X имаат лоша репутација; дури и оние од нас кои сакаат малку валканост, честопати ќе се разочараат заради лошите костими, ужасните актерски перформанси и, се разбира, клише приказната во која задолжително учествува момче разнесувач на пици. Книгата „X-Rated Adult Movie Posters of the 60s and 70s“ од Тони Нурманд и Греам Марш сака да нè потсети дека не е сè толку лошо.

На повеќе од 300 страници, авторите влегуваат длабоко во кино архивите за да ги откријат оригиналните филмски плакати за некогашните хитови како „Длабоко грло“ и други неконвенционални наслови со кои можеби не сте запознаени. Дали некогаш сте ја виделе секси партнерката на Џејмс Бонд, Џејн Бонд? Или Фриц, супер-сексуалниот мачор во анимиран филм? Не?

Затоа, по повод објавувањето на книгата, избираме неколку од најлудите Х -филмови од 60-тите и 70-тите години. Но, треба да се каже дека неколку прикази на луѓето од црната и жолтата раса се полни со фетишизација, дека за транс жените се говори со навредливи термини и дека фанатазиите за силувања се изненадувачки вообичаени. Сепак, можат да се најдат неколку скриени скапоцени камења.

 

Debbie does Dallas (1978)

Речиси е невозможно да се пишува за порно филмовите, а да не се спомне исклчително успешниот „Debbie does Dallas“, кој сè уште е еден од петте најгледани филмови за возрасни на сите времиња. Не е тешко да се види зошто. Прво, тука е приказната: навивачки, фудбалери и стремежот да се спие со што е можно повеќе мажи за колку што е можно повеќе пари.

Потоа, тука е невиниот шарм на русокосата убавица во главната ролја наречена Бамби Вудс, што треба да реферира дека изгледа како срна фатена од светлото на фаровите како има секс пред камера. Настрана од ова гадно и чудно инфантилизирање, овој филм е претставник на златната доба на порнографијата.

Fritz the cat (1972)

„Не сме оценети со „X“ за џабе, бејби!“ Ова е реченица од рекламата за Мачорот Фриц кој може да се пофали со бизарната чест да биде првата анимирана порнографска ѕвезда од светот на животните. Тој, исто така, е радикален социјалист (се разбира) кој се бори против расизмот, гласен е на протести, но покрај тоа сѐ, наоѓа време да се вклучи во долги групни секс-сесии со други мачки.

Политичките призвуци во овој анимиран филм се сосема јасни: полицајците се свињи, рациите за дрога стануваат насилни, а за време на немирите што не ги иницирал тој, застрелан е црниот гавран. Звучи познато? Филмот премиерно бил прикажан во 1972 година, кога војната во Виетнам е во тек, а контракултурниот етос на филмот силно одекна кај критичарите и се здоби со култен статус.

Deep throat (1972)

Дали некогаш сте биле кај вашиот лекар за да дознаете дали имате клиторис во грлото? Ни јас, но токму тоа се случува со сексуално фрустрираната Линда кога таа на крајот почнува да истражува зошто не може да постигне оргазам. Длабокото грло, инаку познато како еден од најпознатите порно филмови на сите времиња, ја користи оваа непријатна средба како почетна точка, следејќи ја Линда на нејзината растреперена мисија во потрагата по неостварливиот оргазам.

Филмот го започна трендот „порно шик“, со Линда Лавлејс, во главната улога. Таа подоцна стана анти-порно активистка и се сврти кон христијанството. Нејзиниот личен живот беше заглавен во контроверзи; прво издржала долга навредлива врска со маж кој очигледно ја принудувал да се појави во порно филмови, а потоа многу пишувала за експлоатацијата во порно индустријата. Поради овие причини таа сѐ уште е една од најфасцинантните ѕвезди во историјата на порнографијата.

 

Back seat cabbie (1969)

Сексот во автомобил може да се сумира во шест збора: одлично во теорија, срање во пракса. Дали има нешто помалку еротично отколку да се превртите врз вашиот партнер само за да се најдете стиснат во агол со запчаник во задникот? Сепак, овие логистички сложености не ја одвраќаат Глорија, прекрасната протагонистка на филмот „Back Seat Cabbie“ од 1969 година.


Премисата на филмот е очигледна. Глорија сака добро платена работа која ѝ овозможува свеж воздух, па затоа одлучува да ги комбинира своите две страсти - возење на такси и бескраен секс. Можеби изгледа чудно, но филмот е прогресивен во своите истражувања на пансексуалноста: „Мажи, жени и мешани групи ја посетуваат пријатната дама на нејзиното задно седиште“, пишува на филмскиот плакат. Филмот ги хуманизира сексуалните работници и го негира штетниот мит дека сите сексуални работници или се жртви на трговија со луѓе или се принудени да влезат во професијата. Глорија го раскинува овој стереотип – таа самата ги поставува условите за сопственото задоволство.

Smoke and Flash (1968)

Ова е еден од експлоататорските порно филмови кои совршено го искористија духот на тогашното хипи движење. Дејството се одвива на забави со дрога, кои сега ги гледате само во клубовите на скриените свингери; славејќи ги принципите на слободната љубов, ѕвездите на овој филм конзумираат ЛСД, јадат сладолед, играат порно покер и взаемно си тријат шлаг по своите голи тела. Звучи како совршен петок, нели?

За разлика од интрузивниот начин на снимање на другите слични филмови, во овој филм, фокусот е на осветлувањето на малите детали и истражувањето на невообичаени сцени. Прекрасно психоделичниот филмски плакат е црешата на врвот, без напор комуницирајќи ја визуелната брилијантност на порно филмот кој добро го претставува своето време.

 

I was a man (1967)

Видливоста на транс луѓето е толку депресивно ниско на агендата на Холивуд што Мет Бомер би можел да биде фрлен во улога на транс-жена, но, барем во порно индустријата, особено транс-жените се одамна видливи. Секако, оваа видливост е прилично навредлива, а такви се и поимите како „таа-маж“ кои се користат и денес, сепак и тоа е една мала победа.

Иако малку информации се достапни за „I Was A Man“, филмот режиран од Бери Махон ја следи вистинската приказна на Анса Канзас, интерсексуална транс-жена, која е протагонистка во она што е опишано како експлоататорски филм. Сензационалистичкиот јазик и употребата на терминологијата како „хермафродит“ е истакната на плакатот кој ветува дека ќе го истражи темниот свет на транссексуалноста“. Филмот го претставува времето на лошиот третман на транс луѓето во филмската историја.

Сепак, „I Was A Man“, барем покажува и колку брзо дојде нашето разбирање за транс-заедницата и колку брзо се менува терминологијата. Тоа е битка што трае, а бидејќи транс-порно е една од најпопуларните категории на интернет, време е режисерите да почнат да ги третираат своите ѕвезди со почитта што ја заслужуваат.

 

The world of Susie Wrong (1960)

Филмската индустрија веќе долго време е нељубезна кон азиските жени, прикажувајќи ги како многу понизни или хиперсекси и често ги спаруваат со бел човек. „Светот на Сузи Вронг“ е само еден од многуте примери; во филмската адаптација, Ненси Кван игра кинеска проститутка која се вљубува во американски архитект, кој одлучува да ја заштити. Таа истовремено е и „добра“ и „лоша“ - како проститутка и мајка вљубена во еден човек кој на крајот ја остава својата жена да биде со неа, Вонг е фасцинантен лик достоен за истражување.

„Светот на Сузи Вронг“ сепак овој филм го зема како инспирација. Има малку информации достапни на интернет, но погрешниот „Chinoiserie“ филмски плакат со ужасниот текст: „таа на сексот му дава нов вкус" покажува колку многу се фетишизирани азиските жени во порно индустријата. На пошироко општествено ниво, феноменот е толку раширен што дури има и свое име – „Жолта треска“ - за што пишуваат безброј одлични автори, меѓу кои и Вера Чок, Ниан Ху и анонимниот автор на просветлувачкиот блог под наслов: „Егзотификација: Јас не сум вашиот убав мал лотосов цвет“. Сузи Вронг недвосмислено покажува дека не само што порно индустријата треба итно да се отвори кон различностите, туку треба да го стори тоа на начин кој е прогресивен и ги разбива стереотипите во чиешто создавање таа е е соучесник.

Извор: Dazed

ОкоБоли главаВицФото