Дали хомофобите ги мразат и нив? (2)

24.05.2013 10:47
Дали хомофобите ги мразат и нив? (2)

6. Рок Хадсон (1925-1985)

Рок Хадсон е првата холивудска ѕвезда која умрела од сида. Тој самиот го објавил тоа иако неговите лекари и менаџери ја ширеле приказната дека боледува од рак на црниот дроб. Многу жени ширум светот беа разочарани кога дознаа дека овој филмски заводник, чија специјалност беа главните улоги во романтичните филмови, е хомосексуалец.

Во кариерата која траеше 40 години Хадсон снимил 70 филмови и глумел во многубројни телевизиски серии, меѓу кои и во славната „Династија“. Тој е добитник на четири Златни глобуси и има една номинација за Оскар за улогата во филмот „Џин“.

Холивудските продуценти го претворија неговото мускулесто тело во фетиш, па во филмовите и на фотографиите често е нагласуван и преувеличуван изгледот на Хадсон.

7. Фреди Меркјури (1946-1991)

Фронтменот на легендарниот рок бенд „Квин“ е роден во Занзибар, но кога имал 18 години се преселил во Велика Британија, каде што во 1970 година ја основал групата која во светски рамки се прослави со хитовите како „Bohemian Rhapsody“ и „We Are The Chamipons“. Во музичката историја ќе остане запаметен како сопственик на глас со неверојатен опсег од четири октави, со чија помош изведувал најразлични гласовни бравури.

Ќе остане запаметен и по неговиот дует со оперската дива Монсерат Кабаје за песната „Барселона“ која ги отвори Олимписките игри во Барселона во 1992 година. Иако одбивал да зборува за својата сексуална ориентација, она што е познато за него е дека бил бисексуалец. По раскинувањето на врската со неговата свршеница Мари Остин, која ја добила неговата пепел по кремирањето, бил често забележуван на геј местата во Њујорк, Минхен и Ибица.

8. Лоренс Оливие (1907-1989)

Британскиот театарски и филмски глумец Лоренс Оливие, кој се смета за еден од најдобрите толкувачи на ликовите од Шекспировите дела, ќе остане запаметен по улогите во филмовите како Оркански височини, Ребека, Отело и Маратонецот. Бил номиниран за Оскар тринаесет пати, а шест пати за Златен Глобус – и три пати ги освоил и двете награди. Тој е првиот глумец во историјата кој ја добил благородничката титула сер.

Иако бил во брак со славната глумица Вивиен Ли цели три децении, а по разводот во 1960 година се оженил со глумицата Џоун Плоурајт и со неа добил три сина, после неговата смрт започнале да се шират гласини дека за неговата бисексуалност од страна на биографите, а во една емисија тоа го потврдила и неговата последна сопруга.

9. Петар Илич Чајковски (1840-1893)

Најпопуларниот руски композитор од епохата на доцниот романтизам – Петар Илич Чајковски во светската музичка историја ќе остане запаметен по балетите „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“ и „Оревокршачка“, оперите „Евгениј Онегин“ и „Пиковата дама“, како и по неколку оригинални симфонии. Кога имал четиринаесет години компомирал валцер во спомен на неговата мајка која умрела од колера. Бил оженет, но се разделил од сопругата по само шест недели брак, а иако за неговата сексуалност се говорело за време на неговиот живот, таа останала тајна за време на советскиот период.

Бил поврзуван со неговиот слуга, а потоа и со неговиот внук, а докази за неговите хомосексуални врски се наоѓаат и во неговите дневници, како и во неговите писма. Во 1867 година Чајковски го компонирал и „Српско-рускиот марш“ (денес познат како „Словенски марш“) за кој ја користел мелодијата на руската химна, како и на три српски народни песни.

10. Ахил

Ахил е главниот јунак на Илијада и најголемиот грчки херој. Во борбите е опишуван како „пожар во сувите борови шуми“. Во еден двобој го убива Хектор, принцот на Троја, затоа што Хектор претходно го убива неговиот најдобар пријател и љубовник Патрокло.

Загинува од отровна стрела која го погодува во петата, неговата единствена слаба точка, која ја фрла Парис, братот на Хектор.

Во Илијада Ахил и Патрокло се многу блиски, но нивниот љубовен однос не е ескплицитно прикажан. Во рамки на грчката војска хомосексуалната љубов била многу честа појава.

Кон првиот дел

Извор: Блиц

ОкоБоли главаВицФото