За американскиот сон

03.06.2013 10:11
За американскиот сон

Постои причина зошто денешниот образовен систем не чини и никогаш нема да биде поправен. Не се надевајте на подобро, бидете среќни со она што го имате, бидејќи сопствениците на оваа земја не сакаат да поправат ништо. Зборувам за вистинските сопственици, вистинските бизнис-интересни групи, кои ги контролираат работите и ги носат сите важни одлуки. Заборавете на политичарите - политичарите се тука само за да ви се даде идејата дека имате слобода на избор. НЕМАТЕ! Немате избор. Имате сопственици кои ве поседуваат. Тие поседуваат сè, сето важно земјиште, тие ги контролираат корпорациите кои го финансираат Сенатот, Конгресот, државните и градските канцеларии, тие се наоѓаат во задниот џеб на сите судии. Исто така, ги поседуваат и медиумските компании преку кои ги контролираат сите вести и информации кои доаѓаат до вас. ВЕ ДРЖАТ ЗА ЈАЈЦА! Секоја година трошат милијарди долари на лобирање за да дојдат до сè што ќе посакаат. Ние знаеме што сакаат - сакаат повеќе за себе, а помалку за другите.

Но ќе ви кажам што не сакаат - тие не сакаат граѓани способни да размислуваат критички. Не им требаат добро информирани, квалитетно образовани луѓе способни за критичко размислување. Тоа не им треба, бидејќи не им помага, всушност е против нивните интереси. Тие не сакаат луѓе кои се доволно паметни за од својата кујна да сфатат дека системот нè зафркна и нè исфрли од колосек уште пред триесет години. Сè што им треба се послушни работници. ПОСЛУШНИ РАБОТНИЦИ! Луѓе способни само колку да можат да ги придвижат машините и да завршуваат административни работи, а неспособни за што било друго освен пасивно прифаќање на растечкиот број на сè повеќе посраните работи кои ги работат подолго за помала плата, редуцираните бенефиции и неплатената прекувремена работа. А сега доаѓаат и по парите од вашето социјално осигурување. Ја сакаат вашата заштеда со која имавте намера да се скрасите, сакаат да ви ја одземат за да им ја поделат на своите криминални пријатели на Волстрит. И знаете што? Ќе ја добијат. Порано или подоцна ќе ви земат сè, затоа што тие поседуваат сè. Тоа е голем клуб на кој вие не сте член. Вие и јас не сме во тој голем клуб. Патем речено, истиот тој клуб секојдневно ве удира по глава со совети во кои треба да верувате. Преку медиумите, по цел ден ве убедуваат во што да верувате, што да мислите, што да купувате.

Картите се поделени, народе, играта е наместена, а како никој да не забележува, како никому да не му е грижа. Добрите, искрени, скромни работни луѓе продолжуваат да ги бираат истите богаташи кои ги заболе курот за сите освен за себе. Воопшто не им е грижа за вас. Ги заболе што ќе се случи со вас! А повторно, никој не се јавува, никој не се противи, а тоа е она што овие поседници и го сакаат, сметаат на тоа - дека ќе останете доброволно глупави за да остане во газот по цел ден начукан нивниот голем бел национален кур. Затоа што сопствениците на оваа земја ја знаат вистината, а таа вистина ја нарекоа АМЕРИКАНСКИ СОН. Бидејќи, јасно е дека мора да бидете заспани за да поверувате во сè што ви сервираат.

Извор: 6yka.com
Слики: Vonn Sumner