„Трамвај“ - серија фотографии на Зоран Шекеров

06.12.2013 11:09
Трамвај - серија фотографии на Зоран Шекеров

Зоран Шекеров е студент на универзитетот за аудиовизуелни уметности Есра кој треба да дипломира на катедрата за фотографија предводена од Роберт Јанкуловски. По неговото дипломирање, тој најавува самостојна изложба која според него „ќе биде негово големо изненадување и достигнување“.

***

„Трамвај“ - Серија на портрети направени во трамвај

Во почетокот на 2013 година, додека беше дел од работилницата „Урбанити“ во Белград, фотографот Зоран Шекеров се пронајде себеси со тоа што направи една серија портрети од разни луѓе во трамвај. Тој секојдневно патувал по 10 часа во трамвај, а проектот го завршил за десетина дена.

Додека се возел во трамвај се обидувал да биде ненаметлив и спонтан, но вели дека така запознал и доста луѓе.

Тој користи DSLR фотоапарат и широкоаголен објектив (14-24) со цел да биде што поблиску до луѓето и фотографиите да изгледаат што поживи. Ги конвертира во црно-бело, затоа што на тој начин, според него, фотографиите повеќе зборуваат и се фокусираат на темата.

Тој вели дека работел со задоволство и без страв, затоа што наидулувал на многу интересни, хумористични моменти, но од друга страна и претставувало предизвик тоа што не знаел кој како може да изреагира.

Во ноември оваа година во Дортмунд (Германија) овие фотографии беа изложени како дел од големиот проект „Урбанити“.

Слични содржини

Општество / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Фотографија / Инста10мк / Уметност
Активизам / Јавни простори / Фотографија
Општество / Активизам / Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото