Вевчани 2014

16.01.14 14:00

Карневалот во Вевчани кој секоја година традиционално се одржува спроти христијанскиот празник Св. Василиј, меѓу народот познат како Василица, оваа година го предизвика и вниманието на американскиот портал The Atlantic, кој ги објавува можеби најпопуларните фото стории од целиот свет.

Карневалот се надоврзува на претхристијанските пагански традиции, но истовремено е и една од најголемите сатирични манифестации, каде на тапет често се наоѓаат моќниците од власта и нивните глупости.

Годинава меѓу главните атракции беа пензионерите на скии, Субрата Рој, претседателот Иванов со фамозната изјава за разумен компромис, а маскираните карневалџии се шебуваа и со наградната игра за собирање фискални сметки.

Подолу може да ја погледнете фото-сторијата од вевчанскиот карневал.

Извор: The Atlantic

ОкоБоли главаВицФото