Mipsterz: хипстери во светот на исламот

17.01.2014 10:31
Mipsterz: хипстери во светот на исламот

Mipsterz e група составена од млади Американки кои ја деконструираат тезата дека носењето марама преку косата значи подредена положба на жените во исламот. Тие се млади, одлично облечени, возат скејтборд, носат чевли со високи потпетици, но истовремено се покриени со хиџаб и не се откажуваат од таа исламска конвенција. Меѓутоа, нивниот стил ги разбива предрасдите дека носењето хиџаб оди во пакет со конзервативноста и заостанатоста.

На кратко, би можело да се каже дека тие се хипстери во светот на исламот, како што гласи описот на нивната Фејсбук страница, а овој иденитет со иронија ги третира научените ставови за муслиманите во западниот свет. Сѐ започнало како шега, а потоа се проширило масовно меѓу интернет заедницата и побудило симпатии кај многумина.

Нивното видео „Некаде во Америка“ предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Едни ги осудуваат поради објектификација на жените и нестандардно прикажување на муслиманките, додека други ги слават поради промовирање на една поинаква, позитивна слика за муслиманите во САД и кршење на предрасудите.

Освен на Фејсбук, може да ги следите Mipsterz и на нивниот блог на Tumblr.

Една од продуценките на видеото, Сара Агаџаниан, вели дека нивната цел е да укажат на богатството од различности меѓу муслиманските жени, а својата инспирација таа ја нашла во Иран, од каде што доаѓаат нејзините родители.

„Моето семејство е од Иран и се сеќавам дека пораснав со медиумските прикази на иранските жени замотани во марами и долги шалови. Пред неколку години конечно и самата го посетив Иран и видов жени облечени во најразлични бои и различни стилови. Истата разноликост може да ја најдете на улиците на Њујорк и на други места. Тоа беше целта на ова видео, да ја прикажеме единственоста на секоја од тие жени и нивната заедничка разноликост“, вели Агаџаниан.

Сродна статија: Мода од улиците на Техеран

Извор: www.thedailybeast.com

ОкоБоли главаВицФото