Фотограф го доловува видикот кон светот на жена во бурка

24.12.2014 13:02
Фотограф го доловува видикот кон светот на жена во бурка

Фотографот Фаисал Алмалки од Саудиска Арабија го започна овој свој фото-проект насловен како „Осамен Кањон“, интересирајќи се за женскиот ритуал на носење бурка. Насловот на серијава фотографии реферира на бездната помеѓу жената и велот кој целосно ѝ го прекрива лицето.

Во Саудиска Арабија овој начин на облекување е повеќе традиција, отколку религиски закон и Алмалки почна да ја истражува оваа субкултура на традиционална облека, користејќи го својот фото апарат за да ја документира женската перспектива.

Фотографирајќи го светот како што го доживуваат жените од Саудиска Арабија, бурката се претвора во симбол кој го претставува „другиот“.

Извор: Juxtapoz

ОкоБоли главаВицФото