„Гола реалност“: 100 фотографии од женски гради

12.09.2014 10:08
„Гола реалност“: 100 фотографии од женски гради

Британската фотографка Лаура Додсон во нејзиниот проект „Гола реалност“ ги фотографираше градите на 100 жени на возраст од 19 до 101 година. Нејзината цел е да претстави спектар од женски тела преку фотографии кои не се обработувани во Фотошоп. Сепак, не станува збор само за изгледот. Додсон исто така ги собира личните приказни на учесничките и наративите за тоа како жените се чувствуваат во врска со нивните гради.

„Градите се повеќе од обични делови од нашите тела, тие ја претставуваат сексуалноста, мајчинството и женственоста. Кога зборуваме за нашите гради, зборуваме за интимните аспекти на нашите животи како жени, како растењето, сексуалноста, мајчинството, доењето, врските, сликата за телото, здравјето, ракот и стареењето“, вели Додсон.

Во последно време се обрнува повеќе внимание на портретирањето на женското тело без хируршки интервенции, со нагласок на природната убавина, во рамките на повеќе кампањи и модни списанија, а серијата фотографии на Додсон е уште една иницијатива во таа низа.

Жените на фотографиите на Лаура Додсон со своите вистински тела не одговараат на фотошопираните идеали кои доминираат во светот на рекламите и модата. Некои од нив се обележани од возраста и времето, а други пак од болести и хируршки интервенции.

„Секогаш бев фасцинирана од дихотомијата помеѓу личниот живот на жените и тоа како се претставени во медиумите; помеѓу тоа како се чувствуваме приватно во врска со нашите гради и како тие се претставуваат за јавна конзумација. 'Гола реалност' за мене е неизбежен резултат на моето бидување жена, феминистка и фотографка“, објаснува Додсон.

Извор: www.barereality.net

ОкоБоли главаВицФото