Државен службеник се жали дека не може да игра пасијанс во 7:30 наутро

03.05.2014 14:17
Државен службеник се жали дека не може да игра пасијанс во 7:30 наутро

Скопје, 3 мај 2014

Зоран Костовски, помлад референт во Агенцијата за просторно планирање, смета дека нема да биде во состојба доволно концентрирано да игра пасијанс ако доаѓа на работа во 7:30, дознаваат Пара вести.

Овој службеник вели дека се согласува дека е потребно да се зголеми ефикасноста во играњето пасијанс во јавниот сектор, но не е сигурен дека тоа ќе се постигне со порано доаѓање на работа.

„Можеби зборувам само во свое име, но јас сѐ до 11 не успевам целосно да се разбудам и често ми се случува воопшто да не видам кога, на пример, ќе ми се појави петка срце, дека долу имам шеска треф. Можам само да замислам на што ќе личи мојот пасијанс во 7:30“, се жали Костовски, кој вели дека сите интерни истражувања кај него на работа покажале дека најефективно се игра пасијанс помеѓу 12 и 14 часот.

Тој вели дека на прв поглед е добро што ќе се игра пасијанс само до 15:30, но се плаши дека кога ќе дојде дома ќе биде премногу уморен и нема да може квалитетно да го помине своето работно време.

„Постои опасност да бидам толку уморен, што ќе почнам да спијам и попладне кога ќе се вратам од работа“, вели Костовски.

Извор: www.njuz.net