Владата воведува тест за пасијанс на конкурсот за вработување во државната администрација

13.09.2018 12:18
Владата воведува тест за пасијанс на конкурсот за вработување во државната администрација

СКОПЈЕ, 13 Септември 2018 (Вести) – Тестирање за пасијанс, или играта со карти „Solitaire“, ќе стане задолжителен дел од конкурсот за вработување во државната администрација, јавуваат извори од Владата.

Откако некои владини министри предложија целосно замрзнување на вработувањето во државната администрација, некои од партиите во владејачката коалиција се побунија бидејќи не стигнале да ги вработат сите роднини.

По консултациите во Владата, постигнат е компромис, така што со воведувањето на тестот по пасијанс ќе се подигнат критериумите за вработување во државната управа, а со тоа и ќе се намали вработување во државната администрација.

Како што дознаваме, министерот за труд и вработување успеа да го убеди министерот за економија при конкурсот за вработување во јавната администрација да се додаде и електронско тестирање за играта со карти, пасијанс. Како што прецизираше министерот за труд, вештината за играње пасијанс на компјутер е можеби еден од најсеопфатните тестови за еден кандидат кој сака да живее од парите на даночните обврзници до крајот на својот работен век.

-Со овој тест се тестираат многу вештини на кандидатот. Од компјутерските, преку логичките, до познавање на англискиот јазик. Исто така, нема да се цени само брзината на отворање на картите и тоа кога ќе почнат да паѓаат на мониторот, туку исто така, стилот и односот на кандидатите кон самиот пасијансс - рече министерот за труд и вработување по одржаната седница на Владата.

Со правилникот за тестирање на кандидатите за вработување во државната администрација, исто така, ќе биде регулирано и оние кои ќе подесат да отвораат само по една карта, наместо секоја трета, да бидат во можност да се вработат на општинско ниво, додека оние кои ќе успеат да отворат на потешко ниво, ќе можат да аплицираат и за работа во министерствата.

Од Кабинетот на министерот за труд и вработување, Вести  дознава дека и самиот Министер е страствен играч на пасијанс.

(Адаптирано од Njuz.net)