Вербална расправија прераснала во уште поголема вербална расправија

05.05.2014 15:20
Вербална расправија прераснала во уште поголема вербална расправија

Скопје, 5 мај 2014

Вербалната расправија помеѓу 27-годишниот М.Р. и 32-годишниот Ј.С. од Скопје во населбата Автокоманда прераснала во уште поголема вербална расправија, јавуваат очевидци.

Сѐ започнало кога Ј.С. го опоменал М.Р. да не го гази малиот тревник пред нивната зграда, на што Ј.С. му одговорил со обвинување дека тој ги краде светилките од влезот и лифтот.

„Потоа стана страшно. Почнаа да се навредуваат, а по упатените навреди си се закануваа: ќе ти правам ова, ќе ти правам она. Тоа траеше некаде од 12 до 17 часот попладне. Ако не дојдеше полицијата на време, работата можеше да излезе во контрола и од поголема вербална расправија да прерасне во ептееен голема расправија“, вели сосетката А.Љ. која е сведок на немилиот настан.

М.Р. и Ј.С. од порано ѝ се познати на полицијата како големи кавгаџии кои во повеќе наврати со врева го нарушувале јавниот ред и мир.

Сепак, до сега не се случило тие да бидат евидентирани како учесници во физичка пресметка.