Провокативната убавина на трансродовите лица

22.05.2014 10:05
Провокативната убавина на трансродовите лица

По долги години истражување на андрогиноста, фотографката Бетина Рајмс ја пронашла својата инспирација во различните начини на кои одредени култури го третираат прашањето на родот, а вниманието особено ѝ го привлеле младите трансродови лица.

Во нејзиниот проект „Родови студии“ (Gender Studies) таа се обидува да им даде глас на најинтимните мисли кои ги има за прашањата и проблемите поврзани со родот. Користејќи го Фејсбук, таа се обидела да контактира со секој што се чувствува поинаков во поглед на родот; добила одговори од лица кои се чувствуваат како мажи, жени, и мажи и жени истовремено, или пак воопшто не чувствуваат припадност кон некој род.

Различноста на субјектите кои таа ги фотографирала е неверојатна, а портретите на овие лица како да сакаат да ни порачаат: можеби чувството и свеста за различноста е единственото нешто што нѐ обединува, без разлика на родот.

На првата изложба на овие фотографии, Бетина Рајмс пуштила аудио снимки од сите модели, кои даваат некакви основни информации за секоја фотографија.

Убавината на портретите која е хуманизирачка и восхитувачка, едноставно ги прави ирелеванти и излишни сите дефиниции, судови и академски „калапи“ кои се однесуваат на прашањето на родот.

Извор: slate.com

ОкоБоли главаВицФото