Позирање под струен удар од електричен пендрек

28.08.2014 11:37
Позирање под струен удар од електричен пендрек

Свадбениот фотограф Патрик Хол од Јужна Каролина доби една од најлудите идеи за фотографирање: одлучи да ги фотографира реакциите на луѓето една секунда откако се удрени со електричен пендрек. За да го направи снимањато уште „позабавно“, секое лице што позира добива струен удар од некој од блиските пријатели или од љубовниот партнер.

„Лицето кое добива струен ударе секогаш беше нервозно и напнато, анксиозно. Учесниците се однесуваа различно. Повеќето беа возбудени од идејата да предизвикаат болка на својот пријател и покажуваа грижа на совест веднаш по шокот“, вели Патрик.

Луѓето се смееле, врескале и пцуеле. Други останувале изненадувачки тивки - имало четворица учесници во фотографирањето кои „воопшто не реагирале и излгедале како сосема недопрени од 300.000 волти електрична енергија“. Подолу може да погледнете некои од најсмешните и најболните реакции од снимањето.

 

 

Извор: boredpanda.com

ОкоБоли главаВицФото