Денови со татко ми

20.09.2014 13:58
Денови со татко ми

Во својот проект „Денови со татко ми“, фотографот Филип Толедано ги регистрирал последните години од животот на татко му кој имал деменција. Собраните фотографии со трогателни коментари ги објавил во посебна книга.

„Мајка ми ненадејно почина на 4 септември 2006. Откако почина, сфатив колку таа ме штитеше од менталната состојба на татко ми. Тој немаше Алцхајмер, но немаше краткорочна меморија и често беше изгубен. Го однесов на погребот, но кога си дојдовме дома продолжи да ме прашува на секои 15 минути, каде е мајка ми. Морав да му објаснувам одново и одново дека таа почина. Тоа беше шокантно за него. Зошто никој не му кажал? Зошто не сум го одвел на погреб? Зошто не сме ја посетиле во болница? Не се сеќаваше на тие настани“, ја објаснува Толедано состојбата на неговиот татко во последните години од животот.

По извесно време Толедано сфатил дека не може да продолжи да му кажува на таткото дека жена му починала. Тој не се сеќавал на тоа и било убиствено за двајцата постојано да ја оживуваат нејзината смрт. Толедано решил да му каже дека таа отишла во Париз, да се грижи за брат му кој бил болен.

Денови со татко ми е еден вид дневник, документирање на нашата врска и времето што го поминавме изминатите три години“, вели Толедано за својот проект.

Други фото-проекти на Толедано на Окно:

Нов вид убавина
Дневникот на еден несигурен татко

Извор: www.dayswithmyfather.com

ОкоБоли главаВицФото