1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 07:59
Ајде некако да го разберам Илија Димовски. Човекот има сериозна, партиска обврска да ги брани идиотските споменици што ги подига оваа власт. Освен тоа, тој барем чита некаква историја и има погледи со кои човек може да полемизира. Можам некако да ги разберам и новокомпонираните вмровски историчари, кои значењата на ликовите што осамнуваат во бронза - по правило шверцерски, преку ноќ, без свечени отворања и говоранции - мора да ги објаснат итно и разбирливо за рајата што треба да се воодушеви. Ги собираат „интелектуалциве“ од дома, по папучи и пижами, неизбричени и со виклери, им бутаат под уста микрофони и камери и им велат – ај кажи сега нешто убаво за Ќосето!
Сето тоа, велам, некако можам да го разберам. Си имаат мака груевци, не е лесно за овие будалаштини да измислиш соодветни, колку-толку уверливи приказни. Но, она што не можам да го сфатам е зошто пропагандата на Груевски за таа сложена задача ангажира луѓе како керовоѓата и она валкано дилерче на привремена работа во новинарството, на пример. Како очекуваат керовоѓата уверливо да ни објасни дека Андон Ќосето не бил џелат и егзекутор, туку голем револуционер? Од каде тој плукач на Фејсбук (тоа е неговиот занает за кој добива државни субвенции!) ќе знаел кој бил и што бил Ќосето?
Јас ви тврдам дека и тој и дилерчето, до појавувањето на Ќосето пред Судската палата, никогаш не чуле за овој лик. Ни за него, ни ни за други македонски револуционери, ни за војводата Докурчев, на пример, со кого сега ни се курчи субвенционираниот (споредувајќи го со Ќосето, што е сериозен проблем, на штета на Докурчев, разбира се). Да чуле нешто и да разбрале, ќе знаеле, на пример, дека голем дел од македонските револуционери и самите се жртви на егзекутори и џелати каков што бил Ќосето. Нивното лудило оди до таму што Ќосето го споредуваат со Цезар, со Наполеон, со други светски познати личности.
Поентата на ваквата егзалтација со Ќосето е фамата дека џелатот убивал „предавници“. И од тоа, јас и ние, „соросидите“, демек, сме се исплашиле, бидејќи ние, нели, сме „предавниците“. Што друго да кажам за ваквите простачки закани, освен на заканувачите да им одговорам адекватно – да ви го опне Докурчев до балчак, будали едни! А сериозните луѓе, пак, кои можеби сакаат да научат кој бил Ќосето, ги упатувам, за почеток, внимателно да го ислушаат интервјуто на Борјан Јовановски со професорот Владо Поповски на Нова ТВ.
Професорот Поповски, кој сега е политички кадар на ВМРО-ДПМНЕ, многу јасно и прецизно ни објаснува кој бил Ќосето и недвосмислено го кажува својот став дека на него не му е местото во Скопје. Човекот на 14 години го извршил првото убиство, а на 18 години убил група од петнаесет Помаци, кои ништо не му сториле и за ништо не биле виновни. Тоа е Ќосето. Патем речено, Поповски убаво го објаснува и значењето на АСНОМ и фактот дека Македонија не може да се смета суверена држава само 23 години, туку цели 70 години (за тоа пишуваше и Ристо Никовски, а поттикнат од него, пишував и јас).
Како и да е, вакви закани не ме секираат, драги мои. Никого веќе не можат да исплашат тие тажни суштества! Македонската јавност знае дека ниту јас и моите пријатели сме „предавници“, ниту битангиве се „патриоти“, освен можеби онакви ништожници на кои мисли Оскар Вајлд, кога вели дека патриотизмот е последното прибежите на ништожниците.
Извор: Плусинфо
Слика: Свирачиња