1030 hPa
52 %

6 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 10:59
Суперкластерите - предели од вселената кои се густо „населени“ со галаксии - се најголемите структури во универзумот. Но, една група научници направи напор да дефинира каде точно завршува еден суперкласер, а каде започнува друг. Неодамна, тим научници кој работи во Хаваи, пронајде нова техника за мапирање на универзумот според движењето на галаксиите низ вселената. Прецртувајќи ги границите на космичката мапа, научниците го редефинираат нашиот суперкластер и му дадоа име Laniakea, што на хавајски значи „неизмерно небо“.