Антирелигиски расизам

22.01.2015 11:53
Антирелигиски расизам

Борбата за слобода секогаш се водела против религијата, против нејзината (објавена) желба за контрола на општеството и принудно наметнување на своите норми и обичаи. Само немилосрдните борби успеаја да ја ограничат религијата во Европа на сферата на приватниот живот, да го декриминализираат богохулењето (претходните одбивања на сите други облици на цензура), а отпорот на религискиот фетишизам му претходеше на нападот на фетишизмот на пазарот.

Демократскиот симулакрум, наводното подигнување на нивото на животот, никако не го затвора прашањето на религијата. Таканареченото „лаичко општество“ нема потреба повторно да преговара за одвоеноста на црквата и државата, кое ја наметна самото, ниту има причина да води дијалози со религиите во име на религијата. Да се штитат исклучените со прифаќање на крајно тоталитарна религија значи да се подложи општеството на погубен напад, на целосен распад.

Во името на правото на различност и културна рамноправност, секоја критика на религијата се претоври во расистички напад. Дојде и до крајноста каде одбивањето на исламскиот вел се поистоветува со ксенофобијата или колонијалната носталгија, наместо со критика на мизогинската религија.

Последиците од таквите аспекти ги пронаоѓаме во изненадувачките изјави на некои постфеминистки кои тврдат дека „леснотијата со која европските жени стапуваат во сексуални односи, веќе при првата средба, може да ги повреди жените од другите култури кои дарувањето на сопственото тело го сметаат за духовно и неповратно искуство“.

Оваа ненадејна толеранција на културите, всушност, имплицира вазалитет кон културите и осуда на сексуалните слободи, кои веќе не би биле универзално достигнување. Ни зборува и за одреден амигвитет наспроти религиските прашања. Обезвреднувањето на атеизмот го подготвува теренот, со соодветно медиумско затапување, императивно враќање на моралните вредности.

Кога папата е субјект на бласфемија, тоа се смета за „старомодна навика“, но ако предмет е пророкот на исламот, веднаш станува колонијална агресија. Јасно е како и преку кој вид „деконструкција на дискурсот“, африканските доселеници, од адолесценти до доенчиња, се сведени исклучително на религиското потекло. Треба ли да ги убедиме дека нивната историја и нивната култура се сумирани во пасивната улога на жртвите на европското колонијално минато. Затоа, ги поттикнуваат на религиозност и на потчинување на муслиманската нација, која не постои никаде, но секаде го наметнува својот план за гушење на слободата. Нивната единствена „позитивна“ егзистенција се одвива преку религијата. Во исламските земји ја прикриваат против-исламската култура (1), затоа што таквото признание би значело дека Европа, сепак немала монопол над просветителите.

Агресивната критика што се водеше во Франција против романот „Платформа“, на Уелбек (затоа што еден од неговите ликови го опишува исламот како најглупава религија на светот), за поборниците на политичкиот ислам го означи почетокот на кампањата насочена особено против слободата на бласфемијата и нејзиното претворање во расистичко злосторство, и подготовка на јавното мислење за нов напад. Знакот на првата победа: медиумите оттогаш едногласно ќе зборуваат за анти-муслиманскиот расизам. По процесот Уелберг, следеше епизодата со данските карикатури, за да ги потсети и најскептичните на вистинската цел на оваа семантичка војна. Другите монотеистички религии многу добро сфатија каде лежи нивниот интерес, па се усогласија со муслиманите.

Во некои похрабри времиња, Луис Буњуел го снимаше Христос кој преживеал крвава оргија од 120 дена и убиството на папата; Бенжамин Пере ги плукаше поповите; шпанските акрати среде црква и во време на диктатурата на Франко ги фрлаа летоците „Cristo es en la mierda!“.

Таслима Насрин и Салман Ружди со право забележуваат дека осудата на религиската идеологија ги враќа жените и мажите од отуѓената положба на верници кон нивниот статус на човечки битија. Да се застапуваат такви ставови денес, значи да се биде изложен на фатва, како во минатото на крвникот на инквизицијата.

Во светот, во кој сè почесто за зборува за христијанскиот запад, во кој политичарите го бранат лаицизмот за да ги зачуваат, а и за да ги зајакнат придобивките на христијансвото, сè уште можеме гласно да ги посочиме двата главни непријатели: капитализмот и религијата (два облици на еден ист фетишизам?). Дали сè уште можеме да се повикаме на борбата на оние кои ја поимаат атеистичката идеја како еден од облиците на еманципаторската борба; кои се надеваат дека верата во човекот ќе го заземе местото на верата во небото; кои ја проколнуваат мантијата затоа што учи на покорност, го поддржува празноверието и ја поддржува експлоатацијата?

Да, историјата на исламот и христијанството се состои од мизогини и сурови обичаи; да, борбата против религијата е борба за слобода, а не рефлексија на неоколонијалистичките стремежи на белиот човек.

Последните генерации го потценија враќањето на религиозното. Според нив, религиското прашање е архаично уште од почетокот на 20 век, а критиката е застарена, беспредметна. Не само што е потценето исламското влијание, туку и многумина почувствуваа некаква вина од која не успеаја да се решат сите или барем да ја сфатат нејзината вистинска причина. Оваа заслепеност наликува на „моралната“ левица. За да ги избегнат репресивната игра на десницата и жигот на ксенофобијата, односно расизмот, заземаат позитивен став кон доселениците, но одбиваат да ја анализираат нивната честа потчинетост на религијата.

Од текстот: Sul buon del razzismo, “Machete”, бр. 2, Италија (Извор: Анархистичка библиотека)

(1) Се работи за кадаризмот од 8 век, чие негирање на предодреденоста го плати со живот во 699 година, по наредба на калифот, Mabada al-Juhani, како и Ghaylana al-Dimashqi 743 година; или за рационалистичкиот мутуализам од 9 век, во познатата „Куќа на мудроста“, во Багдад, несторијанскиот физичар Hunayn ibn-Jehaq (Joannitius) ја превел Република од Платон и Категории и физика од Аристотел. Ортодоксниот ислам ги прогласил кадаризмот и мутазилизмот за ерес: во 922 година, познатиот мистик al-Hallaj е осуден на камшикување, осакатување и бесење, а неговото тело било запалено.

Извор: http://akuzativ.com

ОкоБоли главаВицФото