Македонија ќе се урива со сечење на носечките столбови!

28.02.2015 14:44
Македонија ќе се урива со сечење на носечките столбови!

Откако чув дека Милето тргнал да бара објекти за уривање, ми падна жал, не за објектите туку за Милето, па тргнав да видам, можеби, си реков, ќе налетам на некоја зградурина згодна за уривање! Па еве го мојот рапорт со напомена дека се работи само за еден поглед врз центарот на Скопјанг:

-Археолошкиот музеј (страшно здание)
-Муу Зе Јот на смртта (може со динамит да се урива)
-Триумфекалната капија (само со сечење и деветтонски камиони од „Бетон“)
-Воинот на коњ (уривање со помош на сајла и петтонски камион)
-Македонскиот народен театар (уривање со помош на кучешко уринирање)
-Сите мостови на Вардар меѓу Камениот мост и мостот кај Холидеј ин (уривање со поплава од мочки и бљувотини)
-Сите потемкинови кулиси од левата страна на Вардар ( уривање со тнт)
-Сите споменици изградени од 2006 (уривање со сулфурна киселина)

Тоа е сега за сега. Јас ќе ја продолжам прошетката! Најмногу ме бендиса титовската реплика на Груевски: ќе уриваме утре, но бидете спремни како дека ќе уриваме денеска!

Независно од снимките што ги објави Заев, јас дојдов до една лента на која во строга тајност премиерот и Милето договараат дека Македонија ќе ја уриваат со сечење на носечките столбови : културата, економијата, институциите, медиумите, и со извлекување на пресечените носачи со многутонски камиони натоварени со милијарди евра!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото