Ректор против ректорот

05.03.2015 01:47
Ректор против ректорот

Ректорот на УКИМ ќе го тужи „Окно“ за клеветите и навредите што ги доживеал читајќи се самиот себеси во едно заебантско интервју на порталот!

Јас очекував, знаејќи со каков талент си имаме работа, дека пред да го тужи „Окно“, ректорот ќе се тужи самиот себеси зашто тој самиот себеси „се навредува“ во инкриминираниот материјал! Веројатно решил да се поштеди од судски трошоци, трауми и казни, но, истовремено, можеби, пресметал дека ректорот може да му се најде за нешто, за некој тежок испит на внукот или за членска книшка во унијата на младите лудаци на вемерето!

Сакам да го предупредам ректорот дека одбраната на „Окно“, многу веројатно, ќе оди на оваа линија, на линијата него да го заглави како извор на клеветите против самиот себеси! Не ја исклучувам и варијантата во која „Окно“ ќе реши да го повика како сведок ректорот од своето измислено интервју со барање судот да го обезбеди тужителот во улогата на ректорот како измислена личност! Или да бара директно соочување на ректорот и интервјуираниот со експертиза на тоа дали тука станува збор за иста личност! Во меѓувреме, претставата „Ректор против ректорот“ би можеле да ја пријавиме на некој фестивал на „Бродвеј“!

Имам и една забелешка за порталот!

Што не земете да му се извините на човекот, префрлете ја вината врз измислениот Велимир Стојковски, речете дека тој ве заебал со своите неодмерени ставови и извинете му се на ректорот, спакувајте го текстот, тужбата и извинувањето и пратете им го пакетчето на сите највисоки школи на кои новинарите и новинарството учат како да се оодбранат од лудаци!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња