Лудилото како систем

14.03.2015 14:31
Лудилото како систем

Кога претседателот на државата ќе реши да каже нешто, тогаш јавноста сфаќа зошто било многу подобро да си молчи. Ѓорѓе Иванов во интервјуто за Макфакс, вели: „Она што јавноста треба да го знае е дека системот за национална безбедност и неговите субјекти функционираат согласно надлежност утврдена во Уставот и законите, по претходно донесена национална концепција за безбедност и одбрана“.

Ако претседателот може да каже вакво нешто сега, еден месец откако премиерот разгласи и обвини дека во земјата е извршен пуч, а од „бомбите“ на опозицијата се виде, поточно се слушна, дека целиот државен систем, особено безбедносниот, е разорен со фактот дека со години - отприлика откако Иванов стана претседател - биле прислушувани повеќе од дваесетина илјади граѓани, стотина новинари, министри и други високи функционери, токму поради тоа што „субјектите“ функционираат не во согласност, туку во дијаметрална спротивност (брутално кршење) на Уставот и законите, тогаш овој „одговор“ е крунски доказ дека поради лудилото и лудаците земјава е раб на пропаст.

На прашањето кој ќе понесе одговорност, Иванов одговара: „Работите треба да си дојдат на своето место“. Се прашува ли каде ќе биде Хорхе ако работите навистина си дојдат на свое место?

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото