Невини и чувствителни

16.04.2016 11:27
Невини и чувствителни

Дека поранешниот премиер, сега лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе не може да понуди ништо освен лицемерие, перфидност, кукавичлак, морална мизерија и отворено зло, докажа и со своето вчерашно обраќање (читај: повраќање). „Оној што направил криминал, треба да одговара. Никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен и оттука никој од нас не сакаше да има прекин на постапките за кои Иванов донесе одлука“, рече тој.

Вакво нешто може да кажат само уште оние еднодимензионални, празни фигури наречени гдомовци пред човечињата што ги транспортирале од разни градови и ги донеле да им бидат публика. Дури не им кажуваат ни каде се, ни зошто се тука. А и ним очигледно не им е многу гајле. Знаат дека повторно е во прашање некој контрапротест, дека патот и сендвичот им е бесплатен и само треба да ги издржат истите, по стоти пат повторени апсурдни, бесмислени, неписмени говори на „аналитичарите и глумците“, па да си се вратат дома. Токму ним им се обраќа и Груевски, преку неговите телевизии. На сите други им е јасно дека тој е оној што треба да одговара, тој сака да подметне дека во ВМРО-ДПМНЕ сите се криминалци, а не само оние педесетина аболирани (да имаше чувство на вина никогаш немаше да го прави ова) или дека злосторничкото здружение не сакало Иванов да ги прекине постапките.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња