Еди Рама - уште еден балкански шупак!

14.04.2015 09:13
Еди Рама - уште еден балкански шупак!

Еди Рама. Кој шупак човече! А сите имавме толку големи очекувања од него. Ветуваше многу. Левичар, студирал во Париз, бил уметник, дувал трева, бил космополит. Кур се тресе у ладна вода! Ништо од сето тоа! Балканот останува на дното во секоја смисла! Добивме уште еден националистички популистички шупак!

Со Александар Вучиќ барем знаевме што добиваме. Вечниот буреконосач на Шешељ не можел друго да научи освен да проповеда национализам, да сере за глупости и да прави мајмунарии. Грујо исто така ветуваше многу, но излезе дека е еден колосален ропак, дилетант, мајмун од епски размери, шилеже, стока неодговорна!

Оној во Грција, Ципрас, победи на избори со едно единствено ветување - немало да ги враќа кредитите кон Германија?! Практично вети кражба на туѓи пари во името на цела држава, и народот го гласаше?! Суштински, нема никаква разлика со Ципрас и ветувањето на Хитлер дека со Панцер тенковите ќе оди да им го украде јагленот на Чесите и житото на Украинците и Русите! И Германија тогаш немала доволно храна и енергенси, па решила да ги земе на сила со војна. И сега Ципрас им вети на Грците кражба, ама преку измама и уцени.

Бојко Борисов е исто гомно. Решил да нè уценува за приемот во ЕУ како што нè уценува и Грција. Практично сите овие балкански политичари и лидери решија безбедно и инертно да јаваат на бранот на локалните националистички романтики, наместо да ризикуваат политички капитал за да водат, просветлуваат, проповедаат прогрес, толеранција, нова политичка ера. Ништо од тоа засега!

Политичарите како Петар Гошев, Зоран Џинџиќ и сличните или не добиваат шанса или завршуваат со куршум во срцето. Оние пак кои добиле шанса на сред мандат се соочени со пад на рејтингот поради реформите, скршнуваат од патот и влегуваат во темните зандани на национализмот и балканштината, онаму каде завршија стотици илјади човечки судбини од екс ЈУ војните и конфликтите, а милиони избегаа по светот со цел да се спасат од ужасите на болната омраза.

Никако да тргнеме напред и да станеме дел од Европа, пизда ли му материна! Си останавме расадник за човечки материјал за фабриките во ЕУ. Нашите фолк пејачи вечно ќе серат за туѓината пуста да остане! Тоа изгледа ќе ни биде вечна судбина! Тука на Балканот ќе си ги вадиме очите, а во ЕУ и САД заедно ќе миеме садови по ресторани, ќе вртиме лопати на градежните објекти и ќе се убедуваме дека не е до нас, туку до политичарите било. Како не бе, жими ашимов. До нив е, ама и ние сме за тепање. Се палиме како мајмуни на национализам.

Се чини дека сè се сведува на тоа дека не знаеме и не можеме да бидеме богати преку продуктивност, иновација и паметно користење на ресурсите. Сите на Балканот сме кренале раце од работа, од мислење и од домаќинлак. Изгледа не нè бива, па очајот и бесот ги свртуваме кон политичарите кои, пак, наместо да нè оправат и да ни ја кажат вистината во лице, од што се мрзливи и глупи, бесот ни го свртуваат кон соседите и малцинствата меѓу нас. Па сега на Албанците криви им биле Србите и Македонците, па сакале да се обединат за да процветаат, на Србите пак криви им биле Албанците, Босанците и Хрватите, на нас сите ни се криви, на Бугарите ние сме им биле криви, на Грците цел свет им бил крив па озгора и ние...

А вистината е дека навистина соседите едни на други си ставаат сопки, но тоа е ситница врз основа на тоа колку сите самите си даваме автоголови. Ние сме пропаднати држави без закон, без институции, без демократија и без перспектива. Презадолжени сме, со уништени економии, со слаба инфраструктура и слаба бизнис традиција и логика. Со мрзливи народи. Царува криминалот, политичарите се мафијаши и практично главни дилери на дрога и црни пари, полицијата и финансиската инспекција е приватна војска, а партиите на власт се орди на рекетари.

СМЕ ГО ЕБАЛЕ ЕЖОТ!

Извор: Мактел
Слики: Andrew Pommier