Груевски ќе биде изложен во стаклен столб на плоштадот „Македонија“!

09.05.2015 23:29
Груевски ќе биде изложен во стаклен столб на плоштадот „Македонија“!

Груевски се обидел да се самоубие со скок од Триумфекалната капија, но паднал на глава!

Груевски се залетал со главата во ѕидините на владата, со намера да се убие, но пропаднал во барокот од стиропор!

Груевски сакал да се самоубие со цијанкалиум, но наместо стаклото на ампулата го скршил забот број шест!

Груевски решил да се самоубие со гола жица под напон, но се распаднал електроенергетскиот систем што го опљачкаа тој и неговите другари!

Груевски му наредил на шефот на својот кабинет, Мартин Борман да го убие, но овој киднал во Јужна Америка!

Груевски рекол: ако не можам да се убијам сам, сигурно ќе може да ме убие онаа будала Тричковски, но Тричковски рекол: не стоко, ти мора да живееш и на своја кожа да преживееш макар мало парче од маките што им ги приредуваше и им ги приредуваш на луѓето, оти за сите нивни маки би ти требале сто милиони животи, а смртната казна би ти дошла како бинго! Последните години ќе те оставиме да ги поминеш во стаклен столб на плоштадот „Македонија“, со дупчиња горе и долу преку кои кој сака и колку сака ќе може да те плука и замочува! И секој премиер секој ден ќе мора да минува оттука пред да почне да ги решава проблемите на луѓето!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња