Сашо му купува Ренџ на Тричко!

31.07.2017 01:42
Сашо му купува Ренџ на Тричко!

Сашо, убаво што си решил да се умировиш. Ќе ти пуштам еден сет домино и карти за реми, ти, Гоца, Мартин и Грујовски од скривницата зад каминот, на ситна пара, колку да те држи стрвот и страста, можеби преферанс, со „нојхаус“ чоколатца и скап малт од Даблин. Не е тоа лоша фора за благ одмор меѓу две борби со купиштата материјали за судењата кои, кај и да е, ќе почнат во септември-октомври.

Историјата со нетрпение ја очекува дистанцата од која ќе може да го верификува твојот грандиозен придонес во укакувањето на Македонија, но дистанцата од еден палеж е доволно голема за да заклучиме дека е време да му се јавиш на Бураку, да му земеш еден Ренџ Ровер Спорт, 2.7, со 191 коњи заедно со мене, фул опрема, со „харман кардон“ логик премиум музички систем, римини боја, се сеќаваш, станува збор за автомобилот што ми го запалија пулените на твојот режим, па да наминеш во „Корзо“ на свечено примопредавање.

Ако ти се подобри опциите можеш да донесеш и „Лексус 450“, „Волво 90“ или, со моја доплата, „Масерати кватропорте“!

Парите ќе ги одбиеме од општата сума за која се товарите ти и твојот режим така што на бројчаникот на Триумфекалната капија, на кој ќе се евидентираат националните побарувања од злосторничкото здружување на вмро-дпмне, ќе стои, да речеме: 8.000.000.000- 100.000, остануваат за враќање 7.900.900.000.

Евра, нормално!

Од некаде мора да се почне, јеби га, Сашо!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото