Излегувам на протест затоа што македонските граѓани имаат право да влезат во 21 век

16.05.2015 11:27
Излегувам на протест затоа што македонските граѓани имаат право да влезат во 21 век

На протестите на 17.05.2015 не излегувам затоа што сум поддржувач на СДСМ. Не сум.

На протестите на 17.05.2015 не излегувам затоа што сум заљубена во Заев. Не сум.

На протестите на 17.05.2015 не излегувам затоа што излегуваат сите, па ајде и јас.

На протестите на 17.05.2015 не излегувам затоа што ме повикаа интелектуалци, амбасадори, граѓански здруженија...

На протестите излегувам по мое идивидуално убедување и моја индивидуална желба. Излегувам затоа што мислам дека е создаден таков систем во кој се прекршуваат многу права на многу луѓе и затоа што мислам дека се уништени сите институции кои еден систем го прават демократски.

И, на протестите излегувам затоа што не гледам друго, не гледам логично решение за ситуацијата во која се наоаме, затоа што на власт се наоѓаат луѓе кои немаат врска со логика.

Веќе не се работи за фаќање на крадецот, за затворање на измамникот, туку за спасување на граѓаните од заробеништво. Од продолжителна изолација во светот на еден психопат кој изгради паралелен универзум во кој ги затвори луѓето на Македонија.

Заради тоа, излегувам и за сите оние кои патат од стокхолмскиот синдром и можеби ќе фрлат камен и по мене, и за уплашените, и за неинформираните, и за оние кои мислат дека се неутрални.

Излегувам затоа што луѓето во Македонија имаат право да влезат во 21 век.

Извор: Фејсбук профилот на авторката