Светот ја исмева ФИФА по корупцискиот скандал

29.05.2015 01:08
Светот ја исмева ФИФА по корупцискиот скандал

Откако во среда изби аферата во која се сомничат високи функционери на ФИФА за вмешаност во корупција, челниците на УЕФА, европските фудбалски сојузи и многу угледни фудбалски функционери повикаа на одложување на изборот на претседател на ФИФА кој треба да се одржи во петок, и на заминување на нејзиниот прв човек, Швајцарецот Сеп Блатер.

Иако Блатер не е меѓу осомничените, многумина сметаат дека човекот кој е на чело на ФИФА од 1998 година и е главен фаворит за нов мандат, сноси одговорност за оваа афера и треба да си оди.

Дека гласот на јавноста е во целост против сегашниот прв човек на ФИФА, покажуваат и многубројните шеги кои се појавија на интернет веднаш по избивањето на аферата. На нив ФИФА се споредува со мафија, Блатер е спореден со славниот Дон Корлеоне од „Кум“, а на некои носи пругаста затворска униформа.

Извор: sportske.jutarnji.hr