Што му фали на Али

02.10.2015 00:59
Што му фали на Али

Приврзокот на Груевски ги изгуби клучевите од албанскиот политички кампус. Али Ахмети, со изјавите во Желино, само го потврди тоа веќе старо сознание. „Не ни требаат 10 партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат нè прави посилни“, оцени лидерот на ДУИ, побара „концентрација на албанските гласови бидејќи фронтот помеѓу Албанците и Македонците е многу силен“ и напомна: „Не сум во политиката за се збогатам и да направам кариера, туку да работам за овој народ. Јас нема да заминам засрамен. Доброто бавно доаѓа, но злото доаѓа без повик“.

Ахмети како чита - тоа е првата слика за него во македонската јавност, онаа од времето кога злото дојде без повик, време кога Груевски книга не фаќаше. Ахмети изгледа ништо не прочитал. Сè што знае за демократија, плурализам, толеранција, за политика воопшто сè научил од диктатот на Груевски. Поточно, само го превел на албански. Затоа бара Албанците да не формираат партии, да не се цепкаат нивните гласови, да му дадат силен мандат (никој да не го уценува), сè уште зборува за фронт помеѓу Албанците и Македонците... Влегоа да работат за народот, ама се случи само тие и нивните да излезат богати. Бидејќи од нив двајца досега никакво добро не дојде, најдобро е тие да заминат, засрамени. Навистина се вишок партии какви што тие ги направија нивните.

Извор: Слободен печат
Слика: Странски служби