Курвински е од наша страна да бараме од Талат да престане да биде Албанец

10.05.2017 02:13
Курвински е од наша страна да бараме од Талат да престане да биде Албанец

 

Курвински е од наша страна да бараме од Талат да престане да биде Албанец сега кога е претседател на Собрание! Ние сме како мали деца кои не ги даваат играчките на други деца!

 

Слушај Талате, ај сега ти биди прецедник на Собрание за да се фалиме дека сме толерантни, али пошо не сме, ти смени си го името во Перо Мучев, немој да ти текнало да ставиш некаде албанско знаме, да збориш албански или да го споменеш Алах, ок?!

Немој да си играл шота, немој да си носел некаде кече, немој да сме те виделе у џамија, немој да сме ја виделе жена ти со бурка, немој да си јадел овчо туку само чварки и свињетина, ок бато?!

Ете тоа го бараме ние од Талат само затоа што сме бедни пичиња, мали деца кои се уплашени дека утопијата, сонот кој ни го бутаат у глава од мали нозе - Македонија на Македонците - ќе ни се распадне во главите како меур од сапуница и ќе почнеме да плачеме панично, па ќе трчаме накај мамичка затоа што некој ни ја украл играчката наречена Македонија.

Ова е како Американците, откако го избраа Обама, да го офарбаат со вар за да биде бел, затоа што не можат да ја сварат помислата дека црнец им е прецедник!

Допрва нè чека кршење на ментални бариери, допрва треба да научиме дека Македонија е на сите што живеат во неа и плаќаат даноци и го јадат курот како сите нас, се обидуваат да преживеат во оваа вукојебина, значи СИТЕ, па дури и бегалците од Сирија и Авганистан што решиле да останат тука, Македонија е и нивна татковина сега, исто како и милионите Македонци кои живеат ширум светот и се пречекани и примени со раширени раце, и тие сега тоа го користат за да агитирааат за ЧИСТА МАКЕДОНИЈА?!

Абе Македонче, ЛЕГЕНДА!!!

Затоа, Талате, почекај малку да се смират страстите и почни да доаѓаш на седници со кече во албанска носија, на паузи пушти на разглас некоја шота, фатете со тоа албанските колеги едно оро лбанско разврзете во сред Собрание, лобирај на МТВ на сабајле денот да почнува со АЛАХУ АКБАР, а не само со молитви од Библијата, има бре да се знае дека ова е земја на СИТЕ, а не само на Македонците кои се заборавиле дека се само 65 посто во земјава. Другите што треба да прават, да газат како на јајца за да не нè разбудат од сонот дека се и они тука?!

Извор: Мактел
Слика: Странски служби