1017 hPa
54 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 22:59
Чекам автобус на Рекорд. До мене седат две жени, си прават бош муабет, стандард, и одеднаш првава жена погледнува накај екранот кај што го пишува распоредот, се штрекнува и по 15 секунди ц’цкање, видно вознемирена ѝ вика на другава:
Ж1: Па добро бе, и на овие автомативе мора ли на шиптарски да пишува?
Ж2: Ќути, ќути, малку им е внатре по автобусиве да е све на нивно, па и гласон оној на шиптарски има дел... За некоја година ќе ни ја земат државата, еј, се котат како зајаци..
Ж1: Да, да, еее, тоа ти е кога сме глупав, мирен народ..
Ж2: Да, да, па мора да го вртиме газот кај стигнеме..
Ж1: Како ни диригираат, така играме..
Ж2: Кога мораме...
Ж1: Не мораме, зошто мораме?! Да сме сложни барем малку, сите да излеземе, да видиме тогаш дали ќе биде вака...
Ж2: Абе знаеш, странците ги поддржаваат....Него син ти, како му е во Германија?
На дотичниве не им пречи што платите се најниски во Европа, што децата им се усвета фатени, КЛЕТИТЕ ШИПТАРИ И СТРАНЦИ државата ќе ни ја уништеле.. Која црна држава бе, овци едни...
Избројав до 10 да не ѝ акнам една, станав и потрчав да избегам што подалеку, зашто глупоќата е заразна болест, не се пренесува само преку Сител и Анал 5...
#МојатаЧудеснаЗемја
Извор: Фејсбук профилот на авторот