Мајстори за тетоважи ги повикуваат политичарите да ги тетовираат ветувањата

19.10.2015 02:10
Мајстори за тетоважи ги повикуваат политичарите да ги тетовираат ветувањата

Секој ден политичарите ветуваат нешта со кои се обидуваат да го „купат“ гласот и симпатиите на гласачите, но прашање е дали нешто од тоа некогаш се остварува. Токму затоа тројца канадски мајстори за тетоважи од Монтреал решија да ги „пецнат“ политичарите на интересен начин. Тие ги повикаа локалните политичари кои се наоѓаат среде кампања, да го посетат нивниот салон и бесплатно да ги тетовираат своите ветувања.

Секако, никој не очекува дека тие навистина сакаат да го направат тоа, но овој повик испраќа многу јасна порака: немој да го ветуваш она што не можеш да го исполниш!

Нудејќи бесплатно тетовирање на ветувањата, тие потсетуваат и на краткото паметење на гласачите, кои честопати преминуваат преку неисполнетите ветувања на политичарите.

Извор: Ufunk