Чудотворен рецепт за превенција и лекување на рак

23.10.2015 16:14
Чудотворен рецепт за превенција и лекување рак

Американската докторка Каролин Андерсон, која пишува на блогот на Huffington Post, тврди дека открила рецепт кој ја спречува појавата на ракот.

Рецептот се заснова на двеилјадогодишната традиција на користење на различни состојки, која потекнува од источниот дел на Индија, и е потврдена од страна на најновите медицински истражувања и студии во западната медицина. Андерсон тврди дека ако мешавината од трите состојки се консумира секојдневно, ризикот од појава на рак може речиси целосно да се отфрли.

Чудотворната мешавина содржи намирници лесно достапни за секого: куркума, маслиново масло и бибер. Тајната состојка која на оваа комбинација ѝ дава голем потенцијал е токму куркумата, зачин во форма на жолт прашок, кој е еден од главните состојки на зачинот кари. Противвоспалителните својства на куркумата се многу моќни, а нејзината активна состојка, која е најзаслужна за противвоспалителниот ефект се нарекува куркумин.

Научно е докажано дека куркумата спречува појава на неколку видови рак: рак на дебелото црево, рак на простатата, мозокот и на дојката. Во експериментите спроведени на глувци, се покажало дека и покрај тоа што тие биле изложени на канцерогени хемикалии, додека консумирале куркума, развојот на голем број на карциноми бил целосно спречен.

Сепак, куркумата во дигестивниот тракт речиси и не се разградува, па затоа мешавината од куркума, бибер и ѓумбир е најсилната и идеална комбинација за лекување и превенција на рак. Според истражувањето, биберот ја зголемува делотворноста на куркумата дури за 200 проценти.

Рецепт: Измешајте 1/4 кафено лажиче куркума со половина лажица маслиново масло и додадете малку свежо мелен бибер. Измешајте ги состојките во чаша, а смесата можете да ја консумирате таква каква што е, или можете да ја користите како прелив за салата, како додаток во супа или да ја измешате во различни јадења по ваш избор. Доколку одлучите да ја додадете во готвени јадења, направе тоа на самиот крај.

Д-р Андерсон истакнува дека овој рецепт е добар како за превенција на рак, така и за уништување на ќелиите на карциномот, и дека смесата треба да се користи неколку пати на ден.

„Препорачливо е да се консумира колку што е можно почесто“ - додава Андерсон, и напоменува дека сите состојки се природни и не предизвикуваат несакани ефекти.

Извор: www.jutarnji.hr

 

ОкоБоли главаВицФото