Бербер бесплатно потстрижува бездомници

20.11.2015 17:19
Бербер бесплатно потстрижува бездомници

Откако наишол на слична идеја во Њујорк, Кјумбс бил инспириран бесплатно да им ја потстрижува косата на бездомници. По работа, берберот и неговиот пријател, фотографот Мет Спраклен одат низ улиците на градот Девон, во Англија, за да ги нудат своите услуги на бездомниците. Кјумбс често си поставува задача да им ја потстриже косата на седум луѓе секоја ноќ. Што се однесува до Спраклен, тој ги документира овие инспиративни дела кои потоа се испраќаат и на Инстаграм со хаштагот #направинештозаништо.

„За мене, овој чин значи да се направи нешто добро за некој што нема, во знак на благодарост за она што се има, и подигање на свеста за бездомниците. А со самото тоа што овој чин се прави на улица, ја руши генерализацијата и досега имаше добр одзив“ – вели Кјумбс. „Да се направи нешто добро и тоа да биде бесплатно, претставува еден акт кој навистина ги буди луѓето. Бара само мало откажување од одреден дел од моето време, а претставува големо искуство и навистина ме исполнува“.

Оваа недела, Спарклен и Кјумбс планираат да отпатуваат до градот Јеовил, за да можат да ги понудат своите услуги на повеќе луѓе на кои тоа им е потребно. Берберот заклучува дека е „лесно да се дадат пари за добротворни цели, но уште поважно е да се создаде свест за одреден проблем“.


„Ова е Шери која има 27 години. Ми беше големо задоволство да ја потстрижам нејзината коса. Првите ноќи на улица таа ги поминала како млада тинејџерка и оттогаш е без покрив над главата или понекогаш престојува во привремени домови. Има една роднина со која сè уште се среќава, но затегнатите односи со членовите од семејството ги отежнуваат работите.

Какви и да биле минатите настани/причини кои овие луѓе ги донеле во ваква ситуација, тие сигурно не очекувале дека и на возрасни години сè уште ќе спијат надвор. Ми беше мило што ја запознав Шери и нејзиното прекрасно куче“.


„Џеј има 26 години, и имаше прилично лош ден кога го видов, откако беше разбуден од страна на полицијата, во 4 часот наутро, со предупредување да се премести од вратата на продавница пред која заспал. По потстрижувањето тој се ослободи и стана позборлест и порасположен. Можеби откако ќе се пресели, барем ќе биде пречекан со малку повеќе почит“.
„Енди е бездомник уште на мнгу млади години, така што улиците се неговиот дом и тоа е животот кој тој го познава. Ретко се потстрижува поради очигледните финансиски причини, па решивме добро да го потстрижеме и да му направиме фризура која ќе му потрае до следната сезона. Беше прекрасно да се помине време со овој човек, слушајќи ги неговите приказни, додека му ја потстрижувам косата. Има толку многу работи што можеме да ги научиме од овие луѓе, покрај кои повеќето поминуваат без да ги погледнат“.

„Крис не се потстрижил многу долго време, чекал да се стопли времето. После неколку години на улица, тој сепак има позотивен поглед кон иднината. Затоа, ми рече: Животот почнува на 30, пријателе!“


„Куки беше пресреќен поради тоа што ќе добие нова фризура. За време на потстрижувањето се присетуваше на минатото кога можел да си дозволи да оди на бербер. Покрај тоа се потсети и на тоа како многу често сам си ја потстрижуваал косата со жилет или со некое друго помагало кое ќе успеел да го најде. По толку години поминати на улица, јас чувствувам стравопочит кон оптимизмот на овој човек. По потстрижувањето кај него се почувствува голема промена, па сега освежен ќе ја дочека пролетта“.


„Ова е Ози, и тој има 26 години. Спие на улица веќе една година. Неговото последно потстрижување се случило пред повеќе од шест месеци, па беше потребно повеќе време за да се среди неговата коса. Решивме да ја задржиме должината поради студената сезона која допрва доаѓа“.


„Немањето дом или место за преспивање во поголемиот дел од годината е нормално за некои луѓе. Најлесно е да се игнорира тој проблем, а понекогаш сите ние сме виновни за тоа. Признанието е првиот чекор кон емпатијата. Невозможно е да промениме нечие минато, како што е тешко да се промени и нечија сегашната ситуација, но иднината е неизвесна“.


„Ја потстриживме и долгата брада и коса на Дејв. Тој е бездомник во поголемиот дел од својот живот. Откако му дадовме храна и му ја потстриживме косата навистина се расположи. Секогаш ме изненадува позитивноста на луѓето во вакви ситуации“.


„Стигнавме и на улиците во Бат. Следуваше потстрижувањето на Џони кој има 41 година. Тој ја поминува речиси секоја ноќ надвор, но, понекогаш успева да најде некакво засолниште. По многубројните преселби од едно место на друго, одлучил да се обиде да се задржи на последното место и да направи чекор напред за еднаш засекогаш да се тргне од улиците и да најде засолниште. Ми се чини дека да се прекине кругот на тој бездомнички живот, кога човек живее од ден за ден, е најтешкото нешто“.


„По потстрижувањето, Џони изгледаше како задоволен муштерија. Тој навиистина се отвори додека го потстрижував. Добро беше да се види релаксиран и по малку омекнат. Понекогаш на сите луѓе им е потребно да поразговараат со некого. Тој разговор можеби нема да направи голема промена, но, сепак, помага.


„Гевин е 27-годишен млад човек кој е бездомник кој понекогаш престојува во привремени домови. Имавме добар разговор за тоа зошто тој мисли дека за некои луѓе е тешко да се тргнат од улица и да се вдомат. Тој ми објасни дека некои привремени куќи не се добри места за живеење доколку се обидуваш да останеш чист. Отсекогаш сум слушал многу генерализации во однос на дрогата и алкохолот, кога станува збор за бездомници, но верувам дека постои корен за секој проблем, и тоа е добро место за почеток, кога станува збор за предрасудите“.

Слики: Matt Spracklen

Извор:metro.co.uk

ОкоБоли главаВицФото