1018 hPa
70 %

4 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 20:59
Солидарни и добри луѓе, ве ПОВИКУВАМЕ да го споделите овој апел за помош и вдомување на бездомници.
Ние во СЦ Дуња имаме простор каде можеме да помогнеме и да сместиме некој кај нас поради ниските температури. Локацијата е Рајко Жинзифов бр 22 (спроти Градежен факултет).
Потребно е да споделите и да донесете бездомници на таа адреса како и донации со ќебиња, храна, греалки, вода, перници, парични донации.
На сите индивидуалци и организации кои се бават со помош на бездомници им нудиме дополнителен простор за вдомување. Располагаме со капацитет од 10-15 луѓе, за да може да преспијат кај нас.
Центарот ќе биде отворен за вдомување од 9 јануари во 20 часот.
СЦ „Дуња“ има потреба од волонтери кои би работеле на тоа да има топол оброк за бездомниците, да има кој да ги чува и помага додека се во центарот, како ид а има некој на терен да ги донесе во центарот да се згреат, да преспијат и да се нахранат.
Заинтересираните волонтери можат да се обратат во СЦ „Дуња“ преку порака на Фејсбук страницата на центарот.