Камелеон

11.12.2015 01:40
Камелеон

Си бил така еден камелеон,
камелеон од петици до глава.
Ја облекувал како барон
разнобојно својата става.

Чудно, чудно.

Имал само едни панталони,
и само еден изветвен елек.
А сепак вешто секој ден со нив
на модата тој ѝ давал белег.

Чудно, чудно.

Се чудеа и мажи и дами,
го следеа во секоја згода,
сакаат да ѝ бидат рамни
на таа разнобојна мода.

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Слика: Дарен Робинсон

Нико Графенауер (1940), словенечки поет, критичар, есеист, уредник и преведувач. Автор е на седум книги поезија, но најпознат е по своите книги за деца, дваесетина на број. Напишал и неколку книги со есеи, а на словенечки превел поезија од Ханс Магнус Енценсбергер, Готфрид Бен, Фридрих Хелдерлин... Добитник е на неколку книжевни награди.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото