1013 hPa
38 %
32 °C
Скопје - Нед, 12.07.2026 16:21
На 28 декември (понеделник) граѓаните се собраа пред Владата во Скопје да го искажат својот револт кон власта за недоволната грижа за енормно загадениот воздух. Тие им дадоа ултиматум на надлежните доколку до 15 јануари не се преземат мерки против загадувањето, ќе ги блокираат загадените градови.
Граѓаните велат дека власта е единствена која може да го спречи загадувањето и преку пароли ги потсетија дека и тие и нивните деца го дишат истиот воздух. Демонстрантите носеа пароли на кои пишуваше „Груевски убиец на Тетово“, „Уаа дрвосечачи“, „Вие и вашите деца каков воздух дишете“, „Стоп смог“.



















Фотографии: Ванчо Џамбаски